Македонија
Рајчев и Незири – најсериозни кандидати за шефови на скопското обвинителство
Најсериозни кандидати на огласот за шеф на скопското јавно обвинителство остануваат обвинителите сегашниот в.д. Сашо Рајчев и Ермон Незири, дознава „Макфакс“. Огласот што го објави Советот на јавни обвинители на крајот на февруари истече. Претседателот на Советот, Коле Штерјев, не одговори на телефонскиот повик на „Макфакс“, ниту на пораката за тоа колку кандидати се пријавиле за позициите, дали завршиле интервјуата и кога ќе биде спроведен изборот.
Штерјев, кој беше прозван за судир на интерес и непотизам, откако гласаше воздражно за неговата внука да стане обвинителка во Обвинителството за организиран криминал и корупција, лани објасни дека не избрале шефови на скопското обвинителство и на Обинителството за гонење организиран криминал и корупција бидејќи сакале да му дадат шанса на новиот обвинител да даде негови предлози. Лани за оваа позиција се пријавија Гордана Гешковска, обвинителот Јован Цветановски и обвинителите Расим Дреца и Мартин Митевски.
Обвинителот Рајчев, чие име се споменува како едно од најсериозните за шефовската позиција, го извести некогашниот лидер на студентите, Самоил Малчески, дека не постои кривично дело откако тој обелодени дека дека иако не донирал пари за партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неговата мајка и сестра се нашле во финансискиот извештај за 2006 година како донатори на партијата со сума од 550.000 денари. За Рајчев се шпекулира дека може да добие перманентен мандат. Тој беше поставен за вршител на должност на оваа позиција, на местото на Гордана Гешковска, во декември лани. Гешковска без мандат со скопското обвинителство шефуваше цела година.
Обвинителството за гонење организиран криминал како вршител на должност моментално го води обвинителката Гордана Смаќоска, која е вклучена како втор обвинител во предметот за настаните од Собранието на 27 април, покрај обвинителката Вилма Рускоска. Во декември за шефовската позиција на Обвинителството за организиран криминал и корупција се пријавија Златко Биковски, обвинителите од „Диво Насеље“, Вилма Русковска и Наум Пановски, обвинителката Лидија Раичевиќ Вучкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

