Македонија
Лазаревски: Целиот свет ја слушна детонацијата на бомбите во Македонија
Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во УБК што го открија скандалот со прислушувањето во Македонија, во Приштина денеска ја добија Наградата за слобода на говорот. Наградата во име на Костовски ја подигна Лазаревски и рече дека се гордее затоа што со колегата ја добиле наградата како признание за укажувачи во скандалот со прислушувањето. Доказите што ги обезбедивме покажаа дека корупцијата е главен извор на моќта во едно автократско општество, рече Лазаревски.
„Можевме да избереме: да игнорираме или да се бориме. Убеден сум дека го направивме вистинскиот избор“, рече Лазаревски по добивањето на наградата. „Можевме да ја проголтаме слатката таблетка што ќе ни ја затвореше устата или да ја проголтаме горчливата, која можеше да нè убие, но да го излекува општеството“, рече Лазаревски. Тој изјави дека е среќен што луѓето по бомбите, се гласни на секој обид за манипулација.

Фото: Kallxo.com
„Целиот свет ја слушна детонацијата на бомбите во Македонија. Резултатот што го постигнавме беше над нашите најоптимистички очекувања“, изјави Лазаревски. Тој додаде дека слободата на говор оди заедно со укажувањето. Ако го нема едното од нив, нема ниедно. „Ми недостига овде Звонко Костовски, но знам дека се гордее колку и јас“, изјави укажувачот од УБК, кој го откри скандалот со прислушувањето.
Kallxuesi Maqedonas i Përgjimeve do pranojë çmimin e Fjalës së Lirë
Kallxuesi Maqedonas i Përgjimeve do pranojë çmimin e Fjalës së Lirë
Posted by Kallxo.com on Freitag, 23. März 2018
Лазаревски и Костовски како вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање три години работеле со цел да го документираат нелегалното прислушување на над 20.000 бизнисмени, активисти, новинари и други политички неистомисленици на минатата власт. Објавувањето на дел од прислушуваните разговори во 2015 година резултира со нови избори во 2016 и формирање нова влада во 2017 година. Покрај тоа, разговорите беа докази за обвиненија на СЈО за стотици физички и правни лица.
Наградата на слободата на говорот е годишно признание што се доделува од страна на Коалицијата за заштита на свиркачите во Југоисточна Европа и Европскиот центар за заштита на правата на свиркачите. Двете организации соработуваат со локални активисти и новинари во Косово за да ги организираат Меѓународниот ден на свиркачите и Неделата за слобода на говорот во Koсово од 19 до 24 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Церемонија на свечено менување на државното знаме во кабинетот на Сиљановска-Давкова
Во претседателскиот Кабинет, денеска, 270 деца од скопските основни училишта „Вера Јоциќ“, „Лазо Ангеловски“ и „Димитар Македонски“, како и од градинките „Буба Мара“ и „Лилипут дворче“, присуствуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме.
Учениците ја пееја химната, интонирана од македонскиот воен оркестар, придружуван од воениот оркестар на Вооружените сили на Романија, којшто престојува во земјава по повод заедничкиот предновогодишен концерт.
Во придружба на своите наставници, образовни асистенти и едукатори, децата ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме изведена од Баталјонот за почести при македонската армија.
По свечниот чин, децата го разгледаа импозантниот диптих „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“ на академик Глигор Чемерски, како и работната просторија на претседателката.
Во разговорот со Сиљановска-Давкова, децата зборуваа за нивните активности, за подготовките на приредбите во пресрет на новогодишните празници и ги испеаја нивните омилени песничките.
Следеа низа прашања: за претседателската функција и работните обврски, но и за нејзиното детство, основното образование, домашните миленици, омилените книги и музиката.
Претседателката ги посоветува да учат, да спортуваат, да цртаат, да ја чуваат природата и животната средина, да се дружат и да не се навредуваат.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што по децении неизвесност конечно ќе го донесе модерниот семеен парк за забава што го заслужува Скопје, информираат од Град Скопје.
Со започнувањето на јавната набавка за проектирање и монтажа, градот, додаваат од таму, влегува во нова фаза на урбана трансформација која ќе понуди современи атракции, целосна пристапност и нови содржини за сите генерации.
„По долги години оддолговлекувања и лажни ветувања, денес започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк.
По децении изминати во кои генерации деца беа лишени од местото што им припаѓа, место за игра, радост и незаборавни моменти, конечно започнуваме со реализација на проект што ќе ја означи новата ера на семејна забава во нашиот град.
Пред нас е изградба на ултра модерен Луна парк, еден од најдобрите во регионот, изграден според највисоки европски стандарди.
Ќе создадеме простор исполнет со ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и целосно ново ниво на урбана забава. Посебно внимание посветуваме на пристапноста.
Луна паркот ќе биде комплетно прилагоден и за лицата со попреченост, со најсовремени системи за безбедност, видео надзор и прва помош“.
Ккако што најавува скопскиот градоначалник на просторот од 84.000 квадратни метри ќе никне место каде семејствата ќе поминуваат квалитетно време заедно, каде ќе има зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена.
„Панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и уште многу други реквизити ќе создадат уникатна атмосфера која ќе го збогати туристичкиот имиџ на Скопје.
Почитувани скопјани, како што ветив – најдоброто доаѓа!
Скопјани конечно добиваат Луна парк што ќе биде симбол на нов почеток, на едно модерно, гордо и достоинствено Скопје“.
Македонија
Законот за правична и соодветна застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија, соопшти Фетаи
Законот за правична и соодветна застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија, со што се потврдува дека е во целосна согласност со европските стандарди и демократските вредности, информираат од кабинетот на заменик-претседателот на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи, во врска со Законот за соодветна и правична застапеност.
Со овој закон, додаваат во соопштението, ќе се обезбеди квалитетна рамнотежа меѓу системот на заслуги и почитувањето на професионалните стандарди, од една страна, и принципот на правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, од друга страна.
„Законот овозможува правична вклученост во вработувањето во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, без да се наруши квалитетот и професионализмот.
Изјаснувањето на етничката припадност е целосно доброволно и не предизвикува никакви негативни последици врз остварувањето на правата на граѓаните, во согласност со меѓународните стандарди за човекови права и недискриминација. Паралелно со доброволното изјаснување за етничката припадност, законот предвидува и материјални докази од личните карти и други официјални јавни документи, со цел да се спречат можните злоупотреби на само идентификацијата“.
Со ова законско решение, како што појаснуваат од кабинетото на Фетаи се зајакнува институционалниот интегритет, инклузивноста и довербата на граѓаните во системот, преку планирано и деполитизирано управување и примена на европските стандарди за добро владеење.
Делегацијата беше предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, придружуван од професорите по уставно право Тања Каракамишева Јовановска и Јетон Шасивари.

