Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Законот за двојазичност беше донесен шверцерски

При носењето на законот беа прекршени голем број процедури и беше укинато основното право на пратениците да предложат, да дискутираат и да гласаат за своите амандмани, со што Законот за двојазичност е против уставен и неприменлив и ќе создаде дополнителни поделби во македонското општество по сите основи, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението до јавноста партијата тврди дека одлуката на претседателот да не го потпишува Законот за двојазичност е целосно исправна и државничка одлука во интерес на сите граѓани на Македонија.
„ Македонските гласачи не гласаа за спроведување на точки од платформи потпишани во соседни држави кои ќе придонесат кон нови поделби помеѓу граѓаните. Граѓаните во огромен број се спротивставуваат на ваквото законско решение. Законот ги надминува рамките на уставот. Заев уште еднаш ги излажа граѓаните кога ја потпиша изјавата кај Претседателот Иванов во која се обврза дека ќе биде гарант на уставниот поредок и нема да носи закони кои ќе бидат спротивни на уставот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив сите лаги на СДСМ и Заев, се обидуваат да ги затскријат со нови лаги и монтирани обвиненија против оние кои први предупредија кое е вистинското лице на Заев и неговата партија.
„ Патриотите и уставобранителите кои се обидоа да ги заштитат македонските национални интереси и нашиот Устав беа првите со кои ова антидржавна власт се пресмета. Ова лудило мора да запре. Патриотите кои застана во одбрана на државата мора да бидат ослободени. Обвинителството мора да почне да се бави со гонење на вистинските криминалци од кои голем дел во овие моменти се наоѓаат во владата. Судот пак мора да се ослободи од стегите на власта, а судиите да најдат доблест наместо политика да спроведуваат правда“, соопштува партијата ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зелен хуман град почнува со собирање потписи за основање партија

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град почнува процес на собирање 1.000 потписи за да основа партија.
„Драги луѓе, Зелен хуман град ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори. Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните. Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности“, велат од иницијативата.
Од таму велат дека втора изборна година по ред ја отвараат вратата на секој што смета дека има доволно знаење и ентузијазам да се придружи на нивната листа за Совет на Град Скопје.
Во изминатите 4 години, велат од таму, како дел од Советот на Град Скопје со само 2 од 45 советника успеавме да постигнеме неколку преседани.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец загина на 32-годишна возраст во несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Тој е син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец и беше заменик-претседател на „Адора бизнис-групацијата“.
Чифлиганец беше љубител на спортскиот мотоциклизам.