Македонија
Жерновски, Саздовски и Костадинов избрани за членови на ЦО на СДСМ
Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски и пратениците Костадин Костадинов и Чедомир Саздовски, се избрани за нови членови на Централниот одбор на СДСМ.
Жерновски, кој беше на градоначалничката фотелја како дел од структурата на ЛДП, по изборот на Горан Милевски за претседател се дистанцираше од партијата. Подоцна на својот профил на „Фејсбук“ објави дека преминува во СДСМ.

Костадин Костадинов, по парламентарните избори привремено од Зоран Заев ја презеде функцијата градоначалник на Струмица и ја извршуваше до последните локални избори, по што стана пратеник во Собранието.

Чедомир Саздовски, до скоро беше дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како член на ГРОМ. Тој во октомври минатата година ја напушти коалцијата, по што започна да делува како независен пратеник. Пред да се зачлени во ГРОМ, Саздовски беше дел од Социјалдемократскиот сојуз.

Одлуката за проширувањето на ЦО, беше донесена во рамки на вечерашната седница, на која беше усвоен Годишниот финансиски извештај за работата на партијата за 2017. година и беа дефинирани следните чекори на внатрепартиско делување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

