Црна хроника
Скопје: Крадец извршил грабеж во куќа додека домаќините спиеле
Непознат сторител извршил кражба во куќа во село Илинден, Скопско, додека домаќините спиеле.
Според информациите на МВР, кражбата се случила вчера во периодот од 6:45 до 8:50. Според пријавата на Д.М. (30), крадецот влегол преку незаклучената врата додека неговото и семејството на брат му спиеле и украл чанта во која имало 15.000 евра.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Струмичанец паднал од мопед и починал
Вчера во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.
Црна хроника
Крадел пари од баба му и мајка му: под истрага малолетник од Пехчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе известување против малолетник од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 08.07.2025, пријавениот од паричникот на неговата баба одзел пари, а на 10 и 11.07.2025 од платежната картичка на неговата мајка од банкомат во два наврати подигнал парични средства.
Топ
МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница
МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски.
Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип, било пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа.

