Свет
Сторми Даниелс добила закани да не ја објавува аферата со Трамп

Актерката Сторми Даниелс, која глуми во филмови за возрасни, изјавила дека ѝ се заканувале да молчи за наводната сексуална врска со Доналд Трамп во 2006 година, објави Би-би-си.
Сторми Даниелс изјавила за 60-минутната емисија на Би-би-и дека во 2011 година некој човек ѝ пришол на паркинг во Лас Вегас и ѝ рекол да го остави Трамп на мир, по што ја погледнал нејзината мала ќерка и додал: „Би било штета ако нешто ѝ се случи на нејзината мајка”.
There’s a lot of he said/she said in @StormyDaniels and @realDonaldTrump disclosures – and certainly she signed documents denying a relationship – but unless someone can explain why she was paid $130k two weeks before the election by his lawyer, the problem lies in 1600 Penn Ave
— Jon Sopel (@BBCJonSopel) March 26, 2018
Трамп негира дека имал афера со актерката. Неговите адвокати бараат од неа отштета од 20 милиони долари бидејќи, како што велат, таа го прекршила договорот за неоткривање потпишан пред претседателските избори во 2016 година.
Таа поднесе тужба за укинување на договорот, изјавувајќи дека договорот е неважечки бидејќи Трамп не го потпишал.
Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, изјави дека во јули 2006 година имала секс со Трамп во хотелска соба за време на голф турнирот во езерото Тахо, Калифорнија. Трамп во тој период веќе бил во брак со Меланија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.