Македонија
Договор за безбедносна соработка меѓу полициите на Македонија и Катар
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Доха, Катар, оствари работна средба со Шеик Абдулах Бин Насер Бин Халифа Ал-Тани, премиер и министер за внатрешни работи на Катар. На средбата беше разговарано за интензивирање и унапредување на соработката во областа на безбедноста, борбата против тероризмот, борбата против организираниот транснационален криминал, технолошката и техничката соработка и друг вид полициска соработка.
Потврдувајќи ги своите заложби за идна соработка, на оваа средба се потпиша и Писмо за намера за безбедносна соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете држави. Со Писмото за намера ќе им се овозможи на нашите кадри преку обуки и размена на искуства во различни области да се запознаат со системот за внатрешна безбедност на Катар, кој функционира на високо професионално ниво, соопшти МВР.
Со цел континуитет во соработката меѓу двете земји, како и имајќи предвид дека по отворањето на директната авионска линија Скопје-Доха, зголемен е бројот на лица кои се движат од и во Македонија и Катар, како и глобалните безбедносни ризици и предизвици, ова Писмо за намери ќе помогне во зголемување на безбедносната соработка.
За време на претстојот министерот Спасовски и соработниците ќе ги посетат и Националниот команден центар, Одделот за криминалистички истраги, Центарот за борба против трговија со дрога на Советот за соработка на земјите од Заливот, Националниот комитет за борба против тероризам и ќе бидат остварени средби со нивните раководители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

