Регион
Опозицијата во Албанија бара забрана на комунистичките симболи

Албанската опозиција предводена од Демократската партија бара забрана на комунистичките симболи во земјата и пронаоѓање на моштите на 4500 Албанци кои биле убиени од комунистичкиот систем, а не им се знае гробот.
Претседателот на Демократската партија, Лулзим Баша, изјави дека во Албанија треба итно да се забрани користењето на комунистичките симболи. Тој изјави дека опозицијата со посебен закон кој наскоро ќе се најде во Собранието бара забрана за користење на комунистичките симболи. Исто така, според Баша, во Албанија сè уште не се знаат гробниците на над 4500 убиени противници на системот на Енвер Хоџа.
Дефинитивно земјата мора да рече збогум на тој систем кој и сега се применува од одредени политички партии. Албанските медиуми истакнуваат дека десницата со новите две барања сака да создаде нов напад на Владата на левицата предводена од страна на премиерот Еди Рама. Во земјата се зголемува бројот на населението кое ја почитува НОВ, што од страна на десницата се коментира како враќање на носталгијата на комунистичскиот систем на Хоџа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград: маж почина штом слета од Тунис

Вистинска драма се одвивала синоќа, еден час по полноќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога на патникот Н. Л. (64) му се слошило штом неговиот авион слетал од Тунис.
Според информациите објавени од „Блиц“, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш му укажале помош, но човекот не можел да се спаси.
Неговата сопруга била до него цело време. Таа, неофицијално, изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Лекарите итно реагирале, но и покрај нивните напори, немало начин да се спаси.
За случајот било известено Вишото јавно обвинителство, кое нареди обдукција на телото на мажот, објавија српските медиуми.
Регион
Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и на Молдавија е во ЕУ.
Во својот годишен говор до нацијата пред Европскиот парламент таа повика на следно обединување на Европа.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија. Треба да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, рече Фон дер Лајен, пренесува „Танјуг“.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во Атина, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ја процени јачината на 5,2 степени.
Земјотресот се случил околу 30 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил во морето 45 километри североисточно од грчката престолнина и 4 километри од брегот на Неа Стира на југозапад од Евија, вториот по големина остров во Грција.
2/#Greece #σεισμός #sismo #deprem https://t.co/UkYhUkNJG3
— GeoTechWar (@geotechwar) September 9, 2025
Според грчките медиуми, засега нема вести за евентуални жртви или штети. Градоначалникот на Маратон, Стергиос Циркас, изјави за телевизијата ЕРТ дека земјотресот бил многу силен и додаде дека засега нема вести за штети.
Грција се наоѓа на неколку геолошки раседи и често е погодена од земјотреси. Во мај, земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди островот Крит и беше почувствуван дури до Египет и грчкиот главен град, додека во јануари и февруари беше регистрирана силна сеизмичка активност во областа на островот Санторини во Егејското Море.