Македонија
Поинтензивниот политички дијалог тема на средбата на Џафери со неговиот грузиски колега

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, на маргините на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Женева остварил средба со Иракли Кобахиѕе, претседател на Парламентот на Грузија на негово барање.
На почетокот на средбата претседателот на Грузискиот парламент ја истакнал важноста од почнување поинтензивен политички дијалог меѓу Грузија и Република Македонија, посочувајќи дека двете земји сè уште немаат воспоставено дипломатски односи, а имаат слични цели и предизвици, како што се интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Потврдувајќи дека Република Македонија предничи пред Грузија на овој план, тој искажал интерес за отпочнување соработка во насока на споделување искуства и добри практики меѓу пратениците и службите на двата парламенти.
Грузискиот парламент е особено заинтересиран за функционирањето на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија и апроксимацијата на законодавството со она на ЕУ. Грузија од своја страна може да ги сподели своите позитивни искуства во борбата против корупцијата, реформата на полицијата и подобрувањето на услугите за граѓаните.
Џафери изразил задоволство од остварувањето на средбата и посочил дека и покрај невоспоставените дипломатски односи, пратениците од двете земји соработуваат во рамките на меѓународните парламентарни собранија. Тој истакнал дека Република Македонија е подготвена да развива секаков вид билатерална соработка со Грузија, нагласувајќи дека двете земји успешно соработуваат во рамките на ОБСЕ и НАТО.
Претседателот на Грузискиот парламент го поканил својот македонски колега да учествува на два значајни настани што ќе се организираат во Грузија во наредниот период – одбележувањето на 100-годишнината од обновувањето на независноста на Грузија на 26 мај 2018 година и Петтиот глобален самит за Отворено владино партнерство на 17-19 јули 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода и Карпош

Без струја денеска ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информира Центарот за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.08.2025 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Таки Хрисик, ул. Тони Богдановски, ул. Борис Трајковски крак 7 и ул. Андреј Богдановски. (Општина Кисела Вода)
· од 09.00 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерен. (Општина Карпош)“, информира ЦУК.
Македонија
Сончево време, попладне со локален пороен дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Македонија
На Богородица и Табановце се чека по 10-тина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, нa ГП Богородица и ГП Табановце времето на чекање е 10-ина минути, на останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.