Регион
Што ќе значи излегувањето на Српската листа од Владата за Харадинај?
Српската листа соопшти дека излегува од Владата на Косово по апсењето на директорот на Канцеларијата на српската Влада за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ. Косовските медиуми пренесуваат дека премиерот Рамуш Харадинај порачал дека нема да поднесе оставка иако се губи владејачкото мнозинство.
„Парламентот е составен од многу парламентарни групи. Српската листа е партнер. Имаме право на партнерство. Вчерашната акција не е насочена кон косовските Срби или политичките заедници на Косово, освен кон оние кои го прекршиле законот. Тоа беше стандардна процедура. Неприфатливо е да се донесе ваква одлука (за оставка) затоа што е применет законот“, рекол Харадинај за порталот „коха.нет“.
Харадинај не сакал да ја коментира олуката на Српскатс листа за излез од Владата. „Немам коментар за оние кои влегуваат во Владата, па потоа излегуваат од неа“, рекол Харадинај по седницата на Советот за безбедност на Косово.
„Танјуг“ пишува дека останува да се види дали одлуката на Српската листа за напуштање на владата на Харадинај ќе ја одведе Приштина во нови предвремени парламентарни избори или актуелната власт ќе се обиде Србите да ги замени со другите малцински и опозициони партии. Последните вонредни избори беа одржани во јуни минатата година по повеќемесечна блокада на Парламентот. Владата ја формира т.н. „воена коалиција“ која ја сочинуваат Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово, Иницијативата за Косово-НИСМА, Алијансата за ново Косово и Српската листа, како и припадници на другите малцински заедници. Српската листа во Парламентот има девет пратеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.