Црна хроника
Малолетник крадел компјутери од општинската зграда во Охрид

Малолетник крадел компјутери од канцеларијата на одделението за даноци од локалната самоуправа Охрид, соопшти СВР Охрид.
Шеснаесетгодишниот малолетник на 13 октомври се искачил на спратот од новиот дел од општинската зграда во изградба и се префрлил до прозорот на канцеларијата на оддлението за даноци. Успеал насилно да го отвори прозорецот, влегол во канцеларијата и украл едно компјутерско куќиште и една тастатура. Следниот ден, малолетникот извршил уште една кражба од истата општинска просторија. На истиот начин влегол во канцеларијата и одзел два компјутерски монитори и едно куќиште. По добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на малолетникот од каде одземени се штрафцигери, обувки и неколку предмети врз кои е извршено вештачење. Со малолетното лице, во присуство на неговиот родител извршен е разговор во СВР Охрид за што е известен и социјален работник. Поради постоење основи на сомнение за сторено едно казнено дело „тешка кражба“ и една „кражба“ СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство поднесе известување поврзано со малолетно лице од Охрид како можен сторител на казнените дела./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.