Свет
И натаму нема одговoр на протерувањата: Москва чека да види до каде ќе оди непријателството од Западот
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека Москва има намера првично да го процени нивото на непријателство кое доаѓа од Вашингтон и Лондон кон Русија, а потоа да одговори на протерувањето на дипломатите.
САД и повеќе земји членки на ЕУ планираат да протераат десетици руски дипломати како казна за Кремљ поради нападот со нервен агенс врз поранешниот двоен разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка. Официјален Лондон смета дека за нападот на британско тло е одговорна Русија.
Русија, пак, категорично ги отфрла обвинувањата за вмешаност во нападот и вели дека активностите на западните земји се гест на провокација. Официјална Москва, исто така, најави и соодветен одговор, но дури по проценка на нивото на непријателство. Тоа го потврди и заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
Портпаролот на рускиот амбасадор во Велика Британија, пак, изјави дека голем број земји во светот немаат намера да застанат зад изјавата на британската премиерка, Тереза Меј.
„Иако Меј рече дека е апсолутно сигурна оти Русија е одговорна за инцидентот во Салисбури, таа ќе треба да ги открие сите докази и јавно да ја покаже наводната руска вмешаност пред меѓународната заедница и британската јавност“, истакнува портпаролот во изјава за агенцијата „Тас“.
Портпаролот додал дека докази за одговорноста за нападот чекаат дури 160 земји кои се надвор од западниот блок. Очигледно, заклучил тој, поголемиот дел од светот не ги зема британските обвинувања „здраво за готово“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

