Македонија
Мицкоски најави антивладини протести: Повторно ќе бидам со народот во мај
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека од мај повторно ќе биде со народот на протести и ќе тргне да ја урива власта на Зоран Заев.
Мицкоски, кој денеска оствари средби со членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, се осврна на настаните од 27-ми април кога се случи насилството во Собранието, по прозивките на СДСМ дека на тој ден бил меѓу собраните пред законодавниот дом.
„Ич да не се грижите и не треба никој од вас да се грижи затоа што нас не ставаат во кругчиња и во квадратчиња затоа што бевме со народот и бевме заедно и протестиравме за она за кое што го предупредуваме тогаш сегашниот премиер Зоран Заев да не прави нешто што е спротивно на интересите на Република Македонија. И горди сме за тоа“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ претходно на „Фејсбук“ напиша дека на 27-ти април бил со народот, со луѓето кои протестирале осумдесетина дена претходно и со право биле загрижени за иднината на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

