Македонија
(Видео) Рускиот амбасадор: Протерувањето на дипломатот е непријателски чекор, наскоро ќе има санкции

По тврдењата на Министерството за надворешни работи дека протераниот руски дипломат ја шпионирал Македонија, амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчарбек, вели дека иако побарале докази, тие не добиле.
Според амбасадорот, овој чекор на Македонија покажува дека одлучила да се приклучи во анти-руската кампања што се спроведува под раководство од Велика Британија. Санкциите не се дефинирани, но наскоро ќе ги има бидејќи, како што вели Шчарбек, оваа политичка одлука на Македонија е непријателски чекор, кој се нема случено во целата историја кога во прашање се односите меѓу двете земји.
„Претпоставуваме дека македонските власти одлучија да го преземат овој непријателски чекор кон нас под притисок од надвор. Но, тоа не е оправдување. Истакнуваме дека оваа избрзана акција се коси со официјалните ставови на власта на оваа држава за градење конструктивни односи со Русија. Не сакаме да брзаме со нашите одлуки и чекори. Во дипломатската пракса, протерувањето дипломат е многу непријателски чекор. Во свое време ние ќе вратиме со наш одговор, но овој одговор ќе биде адекватен и многу добро промислен од сите страни“, вели амбасадорот Шчарбек.
Амбасадорот на Русија во Македонија го цитираше и соопштението на МНР во кое се вели дека протерувањето на дипломатот било по консултирање на партнерите од ЕУ и НАТО, по што донесе заклучок дека Македонија решила да ѝ верува на Велика Британија. Шчарбек изрази длабоко жалење за ваквата одлука.
„Упорно го повикуваме Лондон да оствари тесна соработка со Русија, да направи сестрана истрага за трагедијата. За жал, британските власти спротивно на сите норми на меѓународното право и етиката, одбиваат да соработуваат со Русија. Тие сакаат преку политичка кампања да ја префрлат вината врз Русија. Се одвива намерно пумпање на конфротациите. Врз основа на политички притисок инспирирано е протерување на руските дипломати и низ другите земји“, додава Шчарбек.
Недоследната политика што ја спроведуваше дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ доведе до тоа да ја изгубат власта, коментира амбасадорот Шчарбек по изјава на потпретседателот на паријата, Александар Николовски, дека Москва не била партнер за ВМРО-ДПМНЕ.
Вкупно 26 земји во светот протераа вкупно 121 руски дипломат како одговор на труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија. Според британската премиерка, Тереза Меј, ова е најголемо координарно протерување руски дипломати во историјата. Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март беа пронајдени онесвестени на клупа во Солсбери, јужна Англија. И двајцата се во критична состојба, а за нападот е обвинета Русија со оглед на тоа што тие се отруени со нервен гас „новичок“ за кој се тврди дека е руско хемиско оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Доаѓа невреме – силен ветер, пороен дожд и град ќе ја погодат Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
„Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град“, велат од УХМР.
Според најавите, од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.
Во Скопје, утре и во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Македонија
ЦУК: Четири активни пожари во Македонија, 2 под контрола

Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои: 4 се активни, 2 се под контрола, а9 се изгаснати.
Активни пожари: 4
1. Општина Чашка – над Богомила (мешана шума)
2. Општина Куманово – с. Слупчане (нискостеблеста шума)
3. Општина Студеничани – с. Дречавица (шумски пожар во планински терен)
4. Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)
Под контрола: 2
1. Општина Долнени – с. Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума)
2. Општина Желино – с. Церово (мешана шума)
Изгаснати се пожарите во Берово, Брвеница, Струмица, Гевгелија, Куманово, Крушево, Долнени, Струга и Студеничани.
Македонија
(Видео) Избувнаа повеќе нови пожари – „Во Македонија има многу граѓани кои не ѝ мислат добро“, вели Михаилов

Попладнево низ повеќе делови од Македонија се појавија нови пожари, откако претпладне беше стабилизирана состојбата на теренот.
Надлежните институции реагираат со интервенции на копно и од воздух.
Информации објави заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.
„Дефинитивно во Македонија има многу граѓани кои не и мислат добро, друго објаснување за ова кое се случува јас немам!
Пожаров кој го гледате е над село Ваксинце, општина Липково и избил пред 30 тина минути, а истиот ветерот многу бргу го шири накај Стража!
Таму се две екипи на ЈП “Македонски Шуми” Куманово и ТППЕ Куманово!
Откако ја стабилизиравме целосно состојбата и со добра координација на Главниот Штаб на Македонија до пладне го решивме и последниот активен пожар кај Долнени, во текот на попладневните часови веќе имаме пријава за неколку нови пожари!
После пладне е пријавен нов пожар во близина на село Богомила, општина Велес каде веднаш од страна на Главниот Штаб беа упатени сили на ЈП “Македонски Шуми” , екипи на МВР и месно население, а таму на помош беше пратен и делуваше од воздух еден хеликоптер.
Во 14 часот, во исто време се појавија два пожари, едниот во близина на село Милетино во општина Брвеница кој по брзата интервенција од копно беше локализиран и пожарот во општина Желино, во близина на село Церово на кој во моментов во координација со Главниот Штаб делуваат копнени сили составени од ТППЕ и ЈП “Македонски Шуми” и двата ЕР Трактори на ДЗС!
Исто така, нашите копнени сили кои сеуште се наоѓаат високо на пожарот во Долнени над селото Стровија попладнево ни пријавија појава на дури четири нови чадења или нови пожари кој во моментов службите ги проверуваат и пристапуваат на гасење на истите!“, напиша Михаилов на ФБ.