Македонија
Априлијада 2018 на плоштадот Македонија во Скопје
Детски културен центар Карпош и Град Скопје денеска од 11 до 13 часот на плоштадот Македонија, организираат детска журка „Априлијада 2018 – Скопје се смее“, за сите градинки, училишта и деца од градот Скопје и од околината.
Во дневниот дел од забавата со маски, принцезите, самовилите, кловновите и сите ликови од цртаните филмови ќе ги забавуваат секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДКЦ “КАРПОШ“, Мина Блажев, Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје.Ноќната забава ќе почне во 20 часот, а на Плоштад Македонија ќе настапат: ВИС-Аманет (вокално инструментален состав), Александар Митевски, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Трио „Шербет“, Елита Зибериж и Група – „Live Band”, а на крај ќе настапи и диџеј.
Детски културен центар Карпош со конкурси ги повика основните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура, за коишто ќе им додели вредни награди и дипломи. Во вечерниот дел од манифестацијата на бината ќе продефилираат учениците од средните училишта со групни маски, а учесниците во најдобрата групна маска ќе добијат и вредна награда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

