Македонија
Ѓорѓиев: Студентите наместо ориз со месо, за ручек имаа ориз со бубачки
Студентите во студентските домови во Скопје не живеат, тие преживуваат. Наместо нормална храна им се сервира храна полна со бубачки и отпушоци, вели Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Студентите во ‘Стив’ вчера наместо ориз со месо, за ручек имаа ориз со бубачки. Од слика објавена во медиумите од која се гледа дека наместо јадење на студентите им се сервираат бубачки е згрозувачка. Пред само еден месец студентите во таблата со лебот добија отпушок од цигара. Ова е недозволиво. Ова е нечовечки“, рече тој.
Според Ѓорѓиев, недозволиво и трагично е во студентски дом, каде студентите плаќаат за својот престој, да се соочуваат со крајно нехумани услови за живот.
„Зоран Заев, Рената Дескоска и Стефан Богоев ги лажеа студентите. Тие се сместија во нивните удобни функционерски фотелји и заборавија на студентите. СДСМ ветуваше подобар студентски стандард и подобри услови за сместување и живот на студентите. По 10 месеци владеење на СДСМ условите во студентските домови не само што не се подобрени, туку се влошени. Студентите се жртва на лагите на СДСМ“, рече Ѓорѓиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

