Свет
Нетанјаху го нарече Ердоган месар, а тој му возврати со терорист

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и изралексиот премиер Бенјамин Нетанјаху си разменија закани и напади меѓу себе во рамките на насилствата во Појасот Газа. Израелскиот премиер го нарече турскиот лидер месар кога Ердоган го нарече терорист поради употребата на сила на ИДФ во Газа.
Непријателството меѓу Нетанјаху и Ердоган кулминира вчера кога турскиот претседател во својот телевизиски говор го обвини израелскиот премиер дека е терорист.
„Ние не се срамиме да нè окупираат нас, Нетанјаху. Вие сте окупатор и сега се наоѓате во таа земја како окупатор, а во исто време вие сте терорист“, порача Ердоган.
Нетанјаху веднаш ги извади своите ракавици и одговори со еднакво жесток противудар.
„Ердоган е тој што ги окупира северен Кипар и курдскиот регион и ги касапеше цивилите во Африн, не треба да ни предава за морал и за вредности“, објави израелскиот премиер.
Регионот Африн во северна Сирија е локацијата каде што Турција веќе трет месец спроведува операција против курдските милиции наречена „Олимписка гранка“.
Тензиите меѓу турскиот претседател и израелскиот премиер започнаа кога Анкара го критикува Израел за прекумерна употреба на сила во растерувањето на толпата демонстранти на границата во Газа.
Во петокот Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, најсилно го критикува нападот на Израел врз беспомошните палестински цивили кои присуствуваа на мировните демонстрации во Газа. Исто така, и турското Министерство за надворешни работи ги критикува активностите на ИДФ нагласувајќи дека е длабоко загрижено поради непропорционалната употреба на сила на Израелците и жртвите и повредите што произлегуваат од интервенциите на израелските безбедносни сили.
Нетанјаху остро одговори велејќи дека Турција не е во позиција да го предава ИДФ за неговото однесување за време на судирите во Газа. Повикувајќи го Израел на најморална армија на светот, тој ги отфрли критиките на Анкара како шега за шегата во април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Уставниот и институционалниот ред мора да се зачуваат на Мадагаскар

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека уставниот и институционалниот ред на Мадагаскар мора да се зачуваат.
Макрон, по самитот во Египет за примирјето во Појасот Газа, рече дека не може веднаш да ги потврди информациите од медиумите дека Франција му помогнала на претседателот на Мадагаскар, Андриј Раџоелина, да избега од земјата, објави „Ројтерс“.
Мадагаскар, земја со 30 милиони луѓе, од кои три четвртини живеат во сиромаштија, има бруто домашен производ по глава на жител кој се намалил за 45 проценти од независноста во 1960 до 2020 година, според податоците на Светската банка.
Оваа источноафриканска земја, која е најпозната по производството на најмногу ванила во светот, исто така извезува никел, кобалт, текстил и остриги, потсети „Ројтерс“.
Таканаречените протести од генерацијата „З“ почнаа минатиот месец поради недостиг на вода и електрична енергија, што доведе до судири со безбедносните сили во кои загинаа најмалку 22 лица.
Свет
Пентагон бара контрола врз објавите, новинарите предупредуваат на кршење на Првиот амандман

Бројни водечки американски медиуми, меѓу кои „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Атлантик“ и „Си-ен-ен“, одбија да ја прифатат новата политика на Пентагон, објави „ДПА“. Според изменетите правила, новинарите мора да добијат одобрение од службено лице пред да објават информации – дури и ако не се класифицирани.
Здружението на новинари што известуваат од Пентагон соопшти дека правилата „се чини дека се дизајнирани да ја задушат слободата на печатот“.
Извршниот уредник на „Вашингтон пост“, Мет Мареј, оцени дека тие „ги поткопуваат заштитите од Првиот амандман“. Главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, истакна дека условите ги кршат правата на Американците „да знаат како се распределуваат воените ресурси“. А Ричард Стивенсон од „Њујорк тајмс“ предупреди дека новата политика „се заканува да ги казни новинарите за рутинско собирање информации“.
Министерот за одбрана Пит Хегсет одговори дека правилата само бараат новинарите „да носат видлива ознака“ и „да не поттикнуваат кривични дела“.
Свет
Трамп: Мелони може да биде инспирација за сите

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ оддаде почит на италијанската премиерка Џорџија Мелони, велејќи дека таа може да биде „инспирација за сите“.
„Џорџија Мелони, големата премиерка на Италија, напиша нова книга. Џорџија работи неверојатна работа за прекрасниот народ на Италија. Таа е инспирација за сите“, напиша американскиот милијардер на својата социјална мрежа Truth Social.
Пораката на американскиот претседател беше илустрирана со фотографија од корицата на книгата на италијанската лидерка, која штотуку беше преведена на англиски јазик.
„Земете го вашиот примерок денес“, предложи Доналд Трамп.