Македонија
Заев: Дијалогот со опозицијата се движи во добар правец
Претседателот на Владата, Зоран Заев, оцени дека дијалогот со опозицијата се движи во добар правец и ја поздрави одлуката на ВМРО-ДПМНЕ повторно да се вклучи во работата на парламентот, што, како што рече, ќе води кон функционална демократија.
Тој очекува до 17 април, до извештајот на Европската комисија, да бидат донесени законските решенија што се дел од реформскиот пакет.
„Претседателот на Собранието планира на 10 април нова седница, на која ќе бидат на дневен ред овие прашања кои се дел од пакетот 3-6-9 и се дел од севкупните реформи, а веќе се усогласени со опозицијата“, рече Заев, кој претходно зборуваше на дебата во рамките на првата годишна конференција на Министерството за финансии.
Во однос на најавите за интепелација на Владата и барањето на опозицијата точката да биде ставена на дневен ред пред седницата за рефорсмките закони, Заев рече дека нивно право е да поднесат интерпелација, но истовремено мора да се води грижа и за законите што треба да бидат донесени во предвидениот рок. Премиерот додаде дека не треба да ѝ се даде повод за изговор на ниту една земја членка на ЕУ кога законите веќе се усогласени.
Заев повтори дека се водат разговори за проширување на парламентарното мнозинство, поконкретно дека разговара со пратеници, дел од партиите на Албанците, а дел од другите помали етнички заедници во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

