Економија
Николовски: Ќе обезбедиме достоинствен живот за граѓаните од сите рурални средини
Со ефикасна искористеност на мерките од Програмата за рурален развој 2018, наменети за општините, ќе се обезбеди квалитетен и достоинствен живот за граѓаните од сите рурални општини, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, со градоначалниците од сите општини и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
На средбата се презентираа трите мерки од Програмата за рурален развој за 2018 година наменети за општините, кои се од исклучително значење за подобрување на условите за живот на граѓаните во руралните средини. Согласно со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година нуди повеќе инвестиции поделени во три основни мерки: „Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини“, „Обнова и развој на селата“ и „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“. Сите овие мерки се наменети за разни капитални инвестиции во рурална инфраструктура и инвестиции во јавна социјална инфраструктура.
„Согласно со европскиот пристап, политиката за рурален развој ги содржи сите елементи на модерна државна интервенција, која вклучува модернизација и структурно прилагодување на земјоделско-прехранбениот сектор и поттикнување економски активности за зачувување на природните, културните и развојните вредности на руралните подрачја. Предвидени се капитални инвестиции во рурална инфраструктура и во насока на решавање на приоритетните комунални проблеми на жителите во руралните средини, како и државни инвестиции за изградба на јавна социјална инфраструктура како што се клубови за млади и стари и културни центри. Со реализација на овој тип инвестиции ќе се обезбеди солидна урбана и транспортна инфраструктура во и надвор од руралните населени места, со единствена цел подобрување на условите за живот на граѓаните и позитивно влијание на развојот на економските активности“, истакна министерот Николовски.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, презентираше неколку кои се однесуваат на потребата од обезбедување поголеми средства и поголема транспарентност на постапките, и кои се однесуваат на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Дел од барањата беа во насока на забрзување на постапката за пренамена на земјоделско земјиште во градежно пред државните институции, особено кога тоа придонесува за економски развој на руралните општини, како и зголемување на финансиските средства на општините, пред сè на руралните општини, во делот на средства од продажба на земјоделското државно земјиште.
„Бараме да се укине учеството од општините во плаќањето на ДДВ за проектите согласно со Програмите за финансирање на руралниот развој. Ако ова веднаш не е можно, бараме разликата што ќе се појави помеѓу проектираниот износ и износот на проектното решение добиен по спроведена јавна набавка и е-аукција, општината да го искористи за наплата на ДДВ обврската од страна на апликантите“, изјави Шилегов.
Директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, посочи дека неповратната финансиска поддршка по барање на корисникот може да се додели во вид на авансна исплата во висина од 20 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци или да се додели на две рати или согласно со фазите на реализација на инвестицијата. Бабовски посочи дека во фаза на акредитација за ИПАРД 2 Програмата е и новата мерка наменета само за општините „Рурална јавна инфраструктура во вкупно 12 милиони евра на располагање и со 100 отсто на финансирање на проектите на општините. Мерката ќе биде достапна од 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

