Регион
Протестите се преселија во Тирана

Протестите што се одржаа претходните два дена во градот Кукс во Албанија со цел полицијата да ги ослободи притворените кои целосно ги уништија кабините на патарината, денеска се преселија во Тирана. Поголема група жители на градот Кукс на кои им се приклучени и жители на Тирана, протестираат пред главната полициска станица. Тие бараат ослободување на притворените и се закануваат дека нема да престанат со протестите сè додека не се остварат нивните барања. Полицијата по палењето на кабините на патарината кај тунелите кај Калимаш во близина на Кукс уапси над дваесетина протестанти.
Во меѓувреме лидерот на опозицијата, Лулзим Баша, изјави дека го поддржува протестот на жителите на Кукс и додаде дека владата на Еди Рама мора да ја укине скапата патарина или протестите нема да престанат. Невладиниот сектор во Кукс бара политиката да не се меша и да прибира политички поени и воедно упати барање до амбасадите на САД и ЕУ да преземаат активности за посредување во надминувањето на проблемот меѓу власта и жителите од Кукс.
Премиерот Еди Рама изјави ќе одговараат оние кои нанесоа големи штети на патарината. Пред два дена на автопатот кој ја поврзува Албанија со Косово за првпат со одлука на владата стартуваше патарината која изнесува од 5 до 25 евра во еден правец во зависнот од автомобилите, но на стартот дојде до големи протести и четирите кабини беа запалени и целосно уништени. Поради тоа автомобилите сè уште не плаќаат патарина, но фирмите забрзано работаат за санација на кабините на патарината.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.