Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта удира по џебот на граѓаните

Економијата во Македонија стагнира, а низ регионот и во Европа бележи раст, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што додаваат дека паради корупцијата во власта, инвестициите нè заобиколуваат и наместо во Македонија, странските инвеститори се одлучуваат за земјите од соседството.
„СДСМ ја зароби државата, а со тоа и целото општествено-економско работење падна на колена. Република Македонија ја заврши 2017 година без раст на БДП. Државата по долг период не бележи раст и тоа е само поради неспособноста на актуелната влада. СДСМ не работи за граѓаните, туку за теснопартиските интереси и елитите од „Бихаќска“. Секое македонско семејство од почетокот на годината е задолжено со нови 1.200 евра. Нов долг има, раст нема. Инвестиции воопшто. Ова го има само во Република Македонија под водство на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, власта удрила по џебот на граѓаните и тоа не еднаш, туку повеќепати.
„Немилосрдното задолжување на идните генерации е проследено и со покачување на акцизата на нафтените деривати 3,5 денари. Ова не беше доволен удар по џебот на граѓаните, па власта се реши на покачување на персоналниот данок на доход од 10 на 18 отсто. Или буквално кажано, задолжувањето на СДСМ, од кое граѓаните немаат никаков бенефит, ќе го враќаат токму тие преку повисоки даноци. Фијаското на економски план и целата безидејност СДСМ го покрива со дефокусирање на јавноста преку политичкиот прогон на неистомислениците“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Неистомислениците се влечат по притвори и по судови со цел создавање приказна во медиумите, која ќе ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми и економското фијаско приредено лично од Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ и според оваа партија државата е заробена, институциите се злоупотребуваат, а законите не важат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Николоски: Сѐ уште поранешни комунистички структури се борат против демократска Македонија

Антидемократски структури се уште се борат против демократска Македонија, се уште сакаат да владеат со Македонија. Ова е четврти пат како се злоупотребува Тајната служба и секогаш тоа е против ВМРО-ДПМНЕ. Време е за одговорност, време е Обвинителите и судиите да го положат испитот и да донесат разрешници бидејќи граѓаните тоа го очекуваат, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој додава дека по влезот на земјата во НАТО биле креирани лажни извештаи за членови на ВМРО-ДПМНЕ со кои биле дискредитирани во странски земји.
„Ова за жал е пракса која се повторува од Независна Македонија. До сега можам да се сетам на три претходни случаи кога се злоупотребувала Тајната служба. Дали тоа било во деведесеттите години, дали беше аферата Големото уво или беа прислушкуваните разговори и еве за жал четврти пат се злоупотребува и секогаш жртва е ВМРО-ДПМНЕ. Тоа јасно говори дека антидемократските елементи во општеството се борат против демократско ВМРО-ДПМНЕ затоа што не сакаат демократија во Македонија и не сакаат демократските структури да надвладеат во Македонија. Тие сакаат структурите на поранешниот комунистички режим на поранешна Југославија да продолжат да владеат со Македонија. Ние се спротивставуваме на тоа и затоа ова се случува. Така што работата е многу поголема отколку што изгледа и има многу подлабока позадина“, вели Николоски.
Точно е дека јас алармирав додека бевме во опозиција, додава тој, дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ е следен, дека видни членови вклучувајќи и себе на партијата се следени, новинари бизнисмени се следени итн.
„Но алармиравме и за една друга работа, а дека тоа е дека другата безбедноста агенција, а тоа е Агенцијата за разузнавање создавала лажни извештаи особено после членството на Македонија во НАТО со кои се оцрнуваа луѓе со провакво или пронакво влијание коешто е различно од прозападното влијание иако тоа е смешно да се тврди особено за ВМРО-ДПМНЕ имајќи предвид историјата на партијата и кои сите сме ние и каква семејна позадина имаме, идеолошка и политичка позадина имаме. Но тоа беа извештаи кои беа создавани со цел да биде дескридитирано раководството на ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, ниту едната ниту другата операција успеа, промените се случија на минатогодишните парламентарни избори, сега е време за одговорност“, рече Николоски.
Тој додава дека сега работата е во рацете на правосудните органи, кои досега многу често паѓале на испитот, но, вели тој, се надевам дека овој пат ќе го положат.
„Јавноста и граѓаните очекуваат разрешници, очекуваат одговори и тие одговори можат да се дадат само низ правосудните органи. Обвинителите и судиите да го кажат последниот збор, затоа што така е во една демократска држава. Јас се надевам дека тие тоа ќе го направат, во спротивно и тие можат да станат жртви, еве гледате има шпекулации дека за еден поранешен Јавен обвинител била жртва на следење, така што или да ги постават демократските механизми во Македонија или самите ќе станат жртва“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Македонија
ДИК: Поднесени 69 предлози за независни кандидати за градоначалници

По завршување на рокот, заклучно со 01.09.2025 година до 24 часот, до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија за поднесување на предлози за кандидатски листи за група избирачи со најмалку два потписи на избирачи, доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје.
Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, заедно со евидентираните потписи како предлог и целокупната друга документација согласно законските услови и според Упатството на ДИК за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатслите листи за локални избори 2025 година се поднесуваат до ОИК до 13 септември 2025 година, до 24 часот, кои одлучуваат за потврдување на истите.
Потписи за независни кандидати за градоначалници се собраа за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Крива Паланка, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени Струга, Дебар Струмица, Радовиш, Брвеница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, Гостивар, Демир Хисар, Виница, Сарај, Центар, Аеродром,Карпош , Шуто Оризари, Арачиново, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани, Чучер Сандево и градоначалник на Градот Скопје.
Потписи за независни листи за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје се собраа за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Старо Негоричане, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени, Струга, Дебар, Босилово, Ново Село, Струмица, Тетово, Штип, Свети Николе, Лозово, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Кавадарци, Битола, Могила, Ресен, Демир Хисар, Карпош, Сарај, Центар, Чучер Сандево, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани и за советото на Градот Скопје.
Кон листите за кандидати поднесени од група избирачи, покрај Образецот за собрани потписи за листата за градоначалник на општината односно Градот Скопје и/или листа на кандидати за членови на советот на општината односно советот на Градот Скопје, се доставуваат и сите документи кои се потребни согласно Упатството за начинот и постапката за поднесување на прием и потврдување на кандидатски листи за локалните избори 2025 кое е објавено на официјалната веб страна на Државната изборна комсија. Рокот за собирање на потписите заврши ноќеска, 01 септевмри 2025 година во 24 часот на полноќ.
Македонија
Универзитетскиот професор Бујамин Бела е нов советник на Изет Меџити

Кога стратешките одлуки ја определуваат иднината на Чаир, неопходно е да се вклучат експерти кои ќе ги водат процесите напред, изјави првиот заменик-премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, претставувајќи го најновиот член на својот тим.
Универзитетскиот професор Бујамин Бела му се приклучува на тимот на Меџити како советник за економски и буџетски прашања.
„Тој носи со себе значајна експертиза и јасна професионална визија за развој на општината. Бела е академик со докторат во областа на менаџментот од Универзитетот во Истанбул, институција со меѓународна репутација. Се има истакнато како извонреден студент, а денес е признат професионалец со длабинско знаење, кое сега ќе го стави во служба на Чаир“, вели Меџити.