Спорт
Младите фудбалери на Ривер со години биле сексуално малтретирани
Еден од најголемите и најславните аргентински клубови, Ривер Плата од Буенос Аирес, го тресе голем скандал, откако било откриено дека некои членови на помладите категории со години биле сексуално злоставувани.
Раководство на Ривер Плата, во официјалнот…


Еден од најголемите и најславните аргентински клубови, Ривер Плата од Буенос Аирес, го тресе голем скандал кога било откриено дека некои членови на помладите категории со години биле сексуално малтретирани.
Раководство на Ривер Плата во официјалното соопштение објави дека клубот ќе соработува со властите и на полицијата ќе ѝ овозможи логистичка поддршка кога една невладина организација открила дека повеќе малолетници со години биле сексуално малтретирани.
River Plate respond to shocking reports of child sex abuse at the famous Argentine clubhttps://t.co/rM3PjLj4oY pic.twitter.com/QCRT18kzyu
— AS English (@English_AS) April 2, 2018
„Клупскиот доктор знаел дека децата што живееле во кампот биле сексуално малтретирани“, рекол на прес-конференцијата Андрес Боницалси, адвокат што им дава правна помош на жртвите на сексуално насилство.
Тужбата била поднесена до полицијата во Буенос Аирес од страна на Асоцијацијата на жртвите на сексуално насилство (АВИВИ), а се однесува на сексуална злоупотреба на младите играчи на Ривер Плата во периодот од 2004 до 2011 година, објавија аргентинските медиуми.
Comunicado de River Plate sobre la denuncia por abusos y pedofilia ?? pic.twitter.com/VpLt2OZ6t4
— Sol RodriguezGarnica (@SolRGarnica) April 2, 2018
„Сè уште не ги знаеме сите детали од обвинението, но клубот ќе соработува со правосудните органи и обвинителството за да може да биде спроведена истрагата“, рекол секретарот на Ривер Плата, Игнасио Вањероел.
Весникот „Ла Насион“ тврди дека тужбата е поднесена по информацијата на засега анонимен клупски доктор, кој неколку години работел во клубот и кој го пријавил случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челзи донесе уште еден Бразилец

Бразилскиот фудбалер Естевао Вилијан официјално стана нов член на Челзи, објави англискиот клуб.
Во јуни 2024 година, Челзи постигна договор со Палмеирас за Естевао да се пресели на „Стенфорд Бриџ“ откако ќе наполни 18 години.
„Многу сум среќен и задоволен што го претставувам Челзи, еден од најголемите клубови во светот. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот на најдобар можен начин. Чекав речиси година и пол за да дојдам тука, работев напорно и се трудев најдобро што можам да бидам во најдобра можна форма“, рече Естевао.
Последниот натпревар на Естевао за Палмеирас беше против Челзи во четвртфиналето на Светското клупско првенство, кога постигна гол во поразот од 2:1.
Бразилскиот фудбалер дебитираше за сениорската репрезентација во септември минатата година, за која одигра пет натпревари.
На 17 август, Челзи ќе игра против Кристал Палас во првото коло од Премиер лигата.
Спорт
Астон Вила се засили со напаѓач на Ница

Астон Вила одлучи да доведе нов напаѓач, изборот на клубот е Еван Гесан.
Напаѓачот на Ница, кој има 24 години, е роден во Франција, по потекло од Брегот на Слоновата Коска.
Одиграл 109 натпревари за Ница, постигнал 21 гол и забележал 15 асистенции, но тоа не ги покажува сите негови вредности, бидејќи може да игра на сите позиции во нападот.
Вакво засилување му беше многу потребно на Унаи Емери, бидејќи Астон Вила не ги откупи договорите на Маркус Рашфорд и Марко Асенсио.
На Астон Вила очајно ѝ е потребна силна напаѓачка ротација, под услов Оли Воткинс даостане. Воткинс, според англиските медиуми е цел на Манчестер јунајтед и Њукасл. Неговата иднина зависи од одлуката на Бенјамин Шешко, за чии услуги исто така интерес покажуваат споменатите клубови.
Фото/ Принскрин
Спорт
(Видео) Карабаг ја победи Шкендија, ВАР пенал им пресуди на македонските шампиони

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Фудбалерите на Шкендија, прв пат се порзени сезонава во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Вечерва во Скопје, Шкендија загуби од Карабаг 0:1.
Клучниот момент се случи во 16.минута, кога по несмасниот старт на Вебстер врз Андраде, ВАР ја смени одлуката на главниот судија и гостите од Азербејџан добија пенал.
Најстрогата казна ја реализира Бајрамов.
Во првиот дел Карабаг имаше уште две добри шанси, а по голот на Карабаг два пати се закани капитенот на Шкендија, Ибраими.
Во второто полувреме во главните улоги беа голманите Геје и Кохалски, кои не дозволија публиката да види барем уште еден гол. Најдобрите шанси ги имаа Ибраими во 87.минута, од чиста позиција лошо биеше и Кохалски лесно го одбрани неговиот удар, а две минути подоцна Геје брилијантно го одбрани ударот на Зубир.
Реваншот на програмата е за седум дена во Баку. Победникот во плеј-офот ќе игра против Лудогорец или Ференцварош.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6uzljk”,”div”:”rumble_v6uzljk”});