Култура
Ревизија на работните места во сите установи од културата
 
																								
												
												
											Министерството за култура ја известува јавноста дека нацртот на колективниот договор за вработените во културата е подготвен откако во претходниот период се одржаа повеќе средби и консултации со претставниците на синдикатите и на установите во културата за решавање на најургентните потреби и проблеми што произлегуваат од работниот однос на уметниците и другите вработени во културата. Имајќи предвид дека претходниот колективен договор е истечен во 2008 година и дека оваа сфера беше запоставена повеќе години, Министерството за култура интензивно работеше на овој процес спроведувајќи анализа на состојбите, консултации со МИОА, со претставници на синдикатите и установите, а се формира и работна група, која го подготви нацрт-колективниот договор за култура, со кој целосно ќе се преуреди начинот на утврдување на платите на вработените во установите, а ќе се решат и други отворени прашања поврзани со правата на вработените, се наведува во соопштението.
Меѓу другото, договорот ќе го регулира надоместокот на трошоци за превоз од и до работното место за поголеми растојанија, без редовен јавен превоз, потоа за надомест за теренска работа надвор од установата во надворешни и тешки услови, како и за надоместоци за дополнителни работи што произлегуваат од матичноста на установата. Договорот содржи и нови одредби за работно време, одмори и отсуства, одредби за безбедност и здравје при работата, како и одредби за платено отсуство при изработка на магистерска работа, докторска дисертација, уметничко доусовршување и учество на конгреси, семинари и конференции. Нацрт-колективниот договор набргу ќе биде ставен на разгледување од страна на синдикатите и институциите. Во следниот период ќе се направи и детален преглед и ревизија на постојните работни места во сите установи од културата и ако има потреба, ќе бидат соодветно изменети работните места за културата, кои се евидентирани во каталогот на работни места на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
Министерството набргу ќе достави до Владата предлог-решение за надминување на проблемот за валоризација на стручни звања на вработените во нивните плати како прв чекор во решавањето на проблемите со платите додека се очекува потпишувањето на колективниот договор за културата. Министерството за култура очекува целиот овој процес да се финализира до крајот на годината за да започне неговата практична реализација во 2019 година во повеќе фази во зависност од финансиските и правните можности. „Укажуваме дека за потпишување и примена на овој колективен договор до крајот на оваа година потребно е да се подготват и соодветни измени во законите за јавниот сектор и да се донесе нов Закон за културата, што треба да биде паралелен процес бидејќи колективниот договор не е компатибилен со постојната законска регулатива. МИОА предвидува измени во своите закони за јавната администрација во 2019 година, во кои претходните прашања, заедно со Министерството за култура, ќе се решат позитивно и во интерес на културните работници“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Култура
Концерт на Дуо Лазар Соколов & Емилија Кабранова Филипова во Скопје
 
														На 4 ноември во Салон 19:19 со почеток во 19:19 часот, концерт ќе одржи Дуо Лазар Соколов & Емилија Кабранова Филипова.
„На 04 ноември 2025 година, со почеток во 19:19 часот, во Културно Информативен Центар – Скопје, салон 19:19, ќе настапи дуото Лазар Соколов (саксофон) и Емилија Кабранова Филипова (пијано). Публиката ќе има можност да ужива во програма составена од дела на реномирани композитори: Claude Bolling, Dimitrije Buzarovski, Roger Boutry, Jana Andreevska, Roberto Molinelli и Pedro Itturalde – спој на француска елеганција, медитеранска експресивност и современа македонска уметничка мисла“, се вели во најавата.
Култура
Изложба на Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска „Идентитески паралели“ во КИЦ -Скопје
 
														Изложба на Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска насловена „Идентитески паралели“ ќе биде отворена во Културно-информативен центар – Скопје, Изложбен салон Империјал 2, на 04 ноември, со почеток во 20.00 часот.
Изложбата „Идентитетски паралели“ од уметниците Лудовико Елиа Персич ( Италија) и Ана Трајковска (Македонија) е дел од настанот „ Уметник во престој“ кој е во рамките на европскиот проект Креарт кој се одржува во КИЦ шеста година по ред а е финансирана од град Скопје.
Кон уметничките фузии на Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска
Традиционално во рамките на CreArt, проект кој е исклучителна платформа за запознавање и вмрежување на уметници, уметнички форми, истражувања и реализации од различни европски градови, во Културно-информативниот центар во Скопје со своја заедничка изложба се претставуваат визуелните уметници кои оствариле соработка во период од еден месец. Годинава, со свои дела изработени во текот на еден месец, се презентираат двајца млади уметници – Лудовико Елиа Персич од Венеција, Италија и Ана Трајковска од Скопје, Македонија. Двајцата автори, кои можеби млади според својата возраст, но зрели во однос на нивното доживување на креативните процеси, ни го претставуваат сопствениот интимистички и длабоко промислен творечки концепт преку неколку серии на дела изработени во комбинација на повеќе различни техники.
Ана Трајковска ни се претставува со трилогија, налик на мала ретроспектива, во која критички се осврнува на елементите круцијални за сопствениот досегашен творечки развој. Оваа трилогија започнува со серијата „Почетоци“ која е објаснета веќе преку самиот наслов, нудејќи ни увид во нејзиниот ран фигуративен сликарски период, при што експресивниот колоритен гест е одраз на тогашните влијанија во кои асоцијативно доминира човекот кој преку својата грчевита појавност, збунетост, напор, отпор…, го бара својот излез од позицијата на заглавеност во личните и колективни состојби. „Истражување“ е следната серија кога авторката го евоцира периодот отворен кон асоцијативно апстрактни експерименти во творештвото, бегството од фигурацијата, насоченоста кон истражувања на нови сликарско-графички комбинирани техники во кои линијата, темната боја, графизмот, разните елементи со својата симболичност (принтови, матрица, тарот карти) добиваат улога на носители на значење. Последната серија „Градот убав“ е носталгично навраќање кон детството, и, претставувајќи ја последната творечка преокупација кон целосно апстрактен израз и ослободување на објектноста (со елементи на реди-мејд), нуди нови наративи и индивидуални исчитувања на историјата на објектите во градот, идеализмот на нивното создавање наспроти запуштеноста, заборавеноста и конечната деструкција, но и пресоздавање преку авторска реинтерпретација. Во делата на Ана Трајковска бојата е постојано присутна од почетоците, а првичните мултиплицирани ликови и фигури сега се трансформираат во апстрактните фрагменти – боените фасадни плочки паднати од повеќекатниците на Скопје.
Лудовико Елиа Персич како појдовен момент во сопственото творечко истражување и презентирање користи две основни повторливи теми – автопортретот и лончето за кафе. Лончето за кафе, конкретно традиционалното октагонално италијанско „лонче“ за кафе, секојдневен употребен предмет, се восприема и како дел од италијанското културно наследство од 1933 година, но во случајов егзистира како метафора за уметничкиот процес кој се одвива во повеќе последователни фази: основата со кафе во која се наоѓа базата на уметноста, идеите кои се процесуираат во мозокот како низ филтерот во средишниот дел, горниот дел ја носи симболиката на „готовото“ кафе, а самата фузија на креативниот процес, односно претставувањето на уметноста конечно финишира во шољата за кафе преку која се конзумира подготвената содржина. Понатаму тој ги продолжува своите истражувања на кафето како медиум (со сопствена структура, текстура и тоналитет), па дури и претставувањето на различни перспективи на позицијата на лончето во мултиплицирани низи нуди асоцијации за безграничната игра на уметноста, при што ваквиот третман на продукт од конзумеристичкото општество добива поинаква намена, употреба и контекст. Неговите автопортрети се израз на различни емотивни моменти, додека, пак, фигурите (автопортретни, со попартистички призвук) се сместени во амбиент во кој доминира смиреност и опуштеност како на опкружувањето, така и на самата позиција на телото, и во кохезија со доминантната сина боја, одразуваат ефемерна, надреална, меланхолично-носталгична атмосфера за уметникот кој контемплира за уметноста со шоља кафе и своето куче.
Лудовико Елиа Персич ја подигнува секојдневната предметност на поинакво контемплативно-медитативно ниво во релација со интроспекцијата и авторефлексијата, додека кај Ана Трајковска пак, интроспекцијата се доживува како патека со рекогносцирање на творечкиот процес во сите лични развојни фази. Овие двајца автори се исклучително интересен креативен тандем бидејќи, не само што презентираат две уметнички перспективи и сензибилитети, тие се и сериозно посветени истражувачи кои експериментираат со различни изразни и технички средства, и поседуваат длабоко посветен аналитички и критички однос кон интроспекцијата во различни контексти.
Маја Чанкуловска-Михајловска
Лудовико Персич, италијански визуелен уметник, студирал графички уметности во средното училиште „Џовани Село“ во Удине. Потоа се стекнал со диплома по истата насока на Академијата за ликовни уметности во Венеција. Моментално посетува магистерски студии по конзервација на културното наследство и историја на современата уметност на Универзитетот „Ка’ Фоскари“ во Венеција. Своето место во светот на уметноста го зацврстил преку работа во две независни уметнички галерии, како и на Биеналето за архитектура и на Биеналето за филм.
Неговите главни интереси моментално се насочени кон постмодерната промена во западната свест, кафематите и автопортретите. Иако неговите уметнички дела тежнеат кон целосност и интегритет, Лудовико често ги остава фрагментирани, недовршени — како симбол на загубата на интегритетот на Западот по трагот на револуционерните емпиристички, егзистенцијалистички и постмодерни филозофи.
Ана Трајковска родена 1995, Скопје е интердисциплинарна уметница. Дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Зоран Јакимовски. Работи како асистент на Европски универзитет – Факултетот за арт и дизајн, а активно држи и часови по цртање и сликање. Нејзината уметничка практика е насочена кон експеримент во графичкиот медиум и неговата интеграција со други визуелни форми, трагајќи по нови начини на визуелна комуникација.
Зад себе има неколку самостојни изложби („Трансфигурации“, МКЦ; „Црно и бело“, Куманово; „Тоа е тоа што е“, Струга; „Flux – Revelations“, КИЦ) и ,,Системи на кршливост” изложба со Доротеј Нешовски во НГМ Мала станица 2025та. Има бројни групни учества во земјата и странство (Франција, Хрватска, Србија, Турција). Добитничка е на награди од Агенцијата за млади и спорт и од ДЛУМ. Во својата работа Трајковска го користи уметничкиот јазик како средство за општествен дијалог, истражувајќи теми како идентитет, култура и општествени промени.
Изложбата ќе биде отворена до 16.11.2025 година.
Култура
Јапонската амбасада со концерт и филмови ќе го прослави „Денот на културата“ во Скопје и Битола
 
														Амбасадата на Јапонија ќе го прослови „Денот на културата“ (се прославува секоја година во Јапонија) првпат со концерт на јапонска минјо музика и недела на јапонски филмови и анимации во Скопје и Битола.
Секој 3 ноември на „Денот на културата“ (Бунка но Хи) во Јапонија се прославува слободата и мирот промовирајќи ја културата, уметноста и науката.
Во Јапонија се одржуваат голем број на настани на овој ден, меѓу кои и церемонијата за доделување на „Орден за култура“ во Царската палата во Токио. Царот ги доделува наградите на добитниците со извонреден придонес во науката, уметноста и културата.
Околу овој датум се одржуваат многу фестивали за уметност и култура, доделувања на награди во организација на приватни и јавни установи во земјата. Тука ќе го прославиме со:
04.11. | 19 ч. | Музеј на македонската борба за независност | НИХОН МИНЈО КОНЦЕРТ
13.11. | 19 ч. | во Кинотека проекција на „Под отворено небо“
14.11. | 19 ч. | во Кинотека проекција на „Нико од рибарското пристаниште“
15.11. | 11 ч. | во Кинотека проекција на „Пингвински автопат“
15.11. | 19 ч. | во Кинотека проекција на „ВОТАКОИ: Љубовта е тешка за отаку“
17.11. | 19 ч. | во Кинотека проекција на „Изнајми мачка“
18.11. | 19 ч | во Кинотека проекција на „Бурманската харфа“
19.11. | 19 ч | во КИЦ – Битола проекција на „Под отворено небо“
20.11. | 19 ч | во КИЦ – Битола проекција на „ Бурманската харфа “
Влез слободен.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											