Црна хроника
„Пајакот“ за еден ден улови 54 возила во Скопје
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 22 сообраќајни незгоди, од кои четири со тешки телесни повреди, осум со телесни повреди и 10 со материјална штета. При сообраќајните незгоди четири лице добиле тешки телесни повреди, а 11 лица добиле лесни телесни повреди.
Притоа 12 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената, 14 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото пред да стекнат право за управување моторно возило. Од сообраќај се исклучени 12 возила бидејќи девет биле нерегистрирани, две биле технички неисправни и едно било со претовар. Еден возач е санкциониран бидејќи поминал крстосница на црвено светло, шест не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле и двајца неправилно престигнувале. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 79 мандатни платни налози, а 54 возила се подигнати со „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач во Ресен, управувал возило со 2,79 промили алкохол во крвта
Вчера на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско.
При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсени две лица во Пласница поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави
Вчера во атар на село Преглово, општина Пласница, полициски службеници ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64) за кражба на дрво.
Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.
Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Нападната и ограбена жена на улица во Аеродром
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

