Македонија
Град Скопје воспостави официјална соработка со неформалните собирачи на отпад
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска го потпиша меморандумот за соработка со неформалните собирачи на отпад.
Како што информираат од Градот, целта на овој меморандум е унапредување на соработката во управувањето со отпадот, како и вклучување на неформалните собирачи во формалниот систем за собирање и управување со отпадот во Скопје.
„Со овој меморандум се обврзуваме дека заеднички ќе дејствуваме и соработуваме во интерес на подобрено управување со отпадот, унапредување на центрите за собирање, селектирање и складирање на отпадот на ниво на град Скопје. Дополнително, со ова ќе се постигне формализирање на неформалните собирачи на отпад и нивно вработување во организираниот систем за управување со отпадот“, изјавил градоначалникот Шилегов.
Главниот инструмент за соработка што произлегува од овој меморандум за реализирање на неговите цели е формирањето работна група.
„Работната група ќе изготвува предлози за подобрено работење на собирните центри, начини и методи за вклучување на неформалните собирачи на отпад, унапредување на пазарниот механизам и вработување на собирачите на отпад. За успешно функционирање на работната група, потписниците на овој меморандум ќе номинираат по еден претставник од својата институција. Министерството за животна средина и просторно планирање ќе има советодавна улога и ќе има свој претставник во работната група“, нагласил Шилегов.
Покрај скопскиот градоначалник, меморандумот го потпишале и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, претседателот на Асоцијација за управување со посебни текови на отпад, Филип Ивановски, претседателот на здружението „Ромски бизнис-информативен центар во Македонија“, Зоран Димов, и претставник на здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу грин“, Благица Сековска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

