Црна хроника
Двајца скопјани се степале, едниот паднал во бессознание
Двајца скопјани се степале завчера во центарот во Скопје, по што еден од нив паднал во бессознание, соопшти МВР.
Педесет и двегодишниот Д.Ш. и четириесет и деветгодишниот Е.С. почнале да се расправаат, а потоа почнале да се тепаат, си размениле неколку боксови и почнале да се удираат со тврди предмети.Откако еден од нив паднал во бессознание, бил пренесен е во Ургентен центар каде му била констатирана фрактура на череп и е задржан за понатамошно лекување, додека другиот е приведен.По целосно документирање на случајот ќе биде поденсен соодветен поднесок. /крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж насилно изваден од својот дом и со убодни рани оставен кај Транспортниот центар во Скопје
Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, 34-годишниот К.Б. од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач, извести МВР.
„Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец
СВР Штип поднесе кривична пријава против 53-годишниот Д.Д. и 54-годишниот П.Д., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР.
„На 22.02.2024, по претходна расправија околу сообраќајот, пријавените физички нападнале полициски службеник“, соопшти МВР.
Црна хроника
Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко лице.
Телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР, известуваат од СВР Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.