Македонија
Џафери, Кирацовски и Манчевски ќе сведочат за нападот над Села на 27 април
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратеникот Алексадар Кирацовски, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, по велигденските празници ќе сведочат во судот на рочиштето за нападот над пратеникот Зијадин Села на 27 април во Собранието. Собранискиот спикер Џафери бил и претходно поканет да сведочи, но со претходна најава до судот го одложил терминот поради приватни обврски.
Тие ќе треба да извршат препознавање на лицата што се осомничени дека извршиле напад врз пратеникот Зијадин Села. Обвиниети за нападот се десет лица. На едно од судењата половина милион евра бараше пратеникот Зијадин Села од десеттемина обвинети за трошоците што ги направил за болничко лекување во странство, претрпените физичка и психичка болка и страв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

