Македонија
Заев: Одлучни сме во намерата Македонија да биде 30. членка на НАТО
Ние сме одлучни во намерата да бидеме следната 30. членка на НАТО aлијансата, порача премиерот Зоран Заев на свеченоста во Канцеларијата на НАТО во Скопје по повод Денот на НАТО.
„Со предолго чекање пред вратите на Алијансата се појавуваат несакани последици за сите партнери, независно дали се држави членки на НАТО или не. Тоа мислам дека веќе е јасно за сите. Затоа политиката на отворени врата на Алијансата е вистинскиот пат за консолидација на мирот и стабилноста во целиот регион. Владата на Република Македонија е цврсто определена за ефикасни домашни реформи, за демократски вредности, за владеење на правото, за почитување на човековите права, за функционални институции во служба на граѓаните“, рече Заев.

Тој истакна дека 2018 година може да биде историска година за Македонија ако нашата држава ја добие посакуваната покана за НАТО, како и датум за почеток на преговори со ЕУ.
„2018 година, во тој случај ќе биде и година за паметење и за НАТО и за ЕУ, затоа што евро-атлантските интеграции на Република Македонија и на регионот се придонес кон стабилноста и безбедноста, и отвораат можности за економски развој“, рече Заев.
Шефот на Канцеларијата на НАТО во Република Македонија, капетанот Горазд Бартол, рече дека Алијансата е подготвена да ѝ помогне на Македонија во евро-атлантските интеграции бидејќи зачленувањето на земјата во НАТО ќе биде голема придобивка за Македонија и регионот, но исто така и за НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

