Македонија
(Видео) Заев: Правото беше оттргнато од божицата на правдата и фрлено во рацете на политиката
„Судството мора да биде ослободено до стегите на политиката. Владата секогаш ќе биде на позицијата на поддршка на строгата поделба на трите столба на власта. Застапник сум на концептот за зачувавање на интегритетот на судиите и на нивната независност. Самостојни и независни судии се истовремено јавното лице на правдата. Тие се чувари на владењето на правото“, порача премиерот Зоран Заев по повод одбележувањето на Денот на правосудството во Скопје. Тој на судиите им порача : „Од вас, граѓаните, очекуваат да бидете чувар на правдата затоа што вашите одлуки имаат сериозно влијание врз нивниот живот“.
Според Заев, корупцијата ги поткопува темелите на државата, ги разнишува институциите и им се заканува со нивно распаѓање. „Република Македонија се соочи со една таква закана, правосудството беше оттргнато од рацете на Јустиција и беше фрлено во рацете на политичката моќ“, рече Заев, додавајќи дека врвен приоритет е создавање услови за целосна рехабилитација на правосудниот систем. Интегритетот останува личен влог на секој од судиите да биде вграден во новото лице, рече Заев истакнувајќи дека реформите во праводуството се од суштинска важност.
„Владата е посветена на спроведување суштински реформи со цел враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Се стремиме за ефикасно независно и самостојно судство. Ова ќе биде година на најважните правосудни реформи. Се очекуваат темелни реформи на Судскиот совет, на Академијата на судии и обвинители… Овие потфати ги очекуваат граѓаните од нас и затоа треба да работиме на кредибилни правосудни реформи“, потенцираше премиерот, според кој деновиве треба да се видат резултатите од дијалогот со опозицијата, од која се бара поддршка за реформите кои следат. Тој ги повика сите чинители, пред сè правосудните институции, да се формира општествен консензус за реформите во правосудството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

