Свет
Поранешната претседателка на Јужна Кореја осудена на 24 години затвор
Поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун Хе осудена е на 24 години затвор на судењето за корупција кое директно беше пренесувано на телевизија. На Парк (66) која беше сменета во март минатата година поради корупциски скандал, и се закануваше казна затвор до 30 години. Таа веќе една година се наоѓа во притвор поради незаконски врски со моќни јужнокорејски конгломерати.
Во центарот на аферата се наоѓа долгогодишната пријателка и соработничка на Парк – Чои Сун Сил. Парк е обвинета дека со соработка со Чои прифатила и и било ветено мито од јужнокорејските гиганти самсунг, Лотес и СК во замена за политички услуги. Исто така таа беше осомничена дека натерала 18 големи компании да донираат во две добротворни фондации со кои управувала Чои. Таа веќе е осудена на 20 години затвор поради злоупотреба на моќ.
Поради голем интерес на јавноста, изрекувањето на пресудата на Парк беше пренесувано на телевизија. Таа не присуствуваше на судењето. Обвинителството за неа бараше 30 години затворска казна и парична казна од 89 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги предупреди земјите во регионот дека ќе ги нападнат американските бази ако Трамп нападне
Иран ги предупреди соседните земји дека ќе нападне американски воени бази во регионот како одмазда за евентуален напад од страна на Вашингтон, објави „Ројтерс“.
Според „Ројтерс“, висок ирански функционер изјавил:
„Техеран им кажал на регионалните земји, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побарал од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
„Ќе преземеме многу силни мерки. Ако направат нешто такво, ќе преземеме многу силни мерки“, му рече Трамп на водителот на CBS Evening News, Тони Докупил, во ексклузивно интервју за мрежата, снимено во Дирборн, Мичиген, кое ќе се емитува во вторник.
фото/Depositphotos
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.

