Црна хроника
Кеса полна со марихуана оставена во автобус

Кеса полна со марихуана била пронајдена во автобус. Случајот бил пријавен вчера во полиција, откако на автопатот Скопје-село Миладиновци во патнички автобус со скопски регистерски таблици кој сообраќал на релација Скопје-Дортмунд, била пронајдена една најлонска ќеса оставена внатре во автобусот, а за која никој од патниците не се јавил како сопственик.
Од страна на полициска патрола од Полициската станица Петровец било утврдено дека во најлонската кеса има четири паковки марихуана со вкупна тежина од околу два килограми. Се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен велешанец, бил баран по потерница

Вчера во 12.25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле 46-гпдишниот М.П. од Велес, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Црна хроника
Пронајдено огревно дрво без документација во кавадаречко, приведено едно лице

Вчера во 16.00 часот кај село Фариш, кавадаречко, на магистралниот пат Градско – Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле З.Д.(61) од село Голем Радобил, прилепско.
При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени огревни дрва за кои не поседувал соодветна документација, моторна пила и други предмети. Дрвата, возилото и останатите предмети биле предадени на Шумска полиција од Кавадарци за понатамошна постапка.
Топ
Младо момче добило лажна порака да се сретне со девојка, па било однесено во куќа во Ѓорче и претепано

Хорор во скопската населба Ѓорче Петров.
Мајка пријавила во полицијата дека нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен профил на неговата девојка, за да се сретнат.
Потоа, според информацијата на МВР, момчето заминало на договореното место, но наместо да се сретне со девојката било пресретнато од четири машки лица од кои едниот го познавало од претходно.
Според пријавата, четворицата го грабнале и однеле во куќа во Ѓорче, по што го натепале и му го украле мобилниот телефон. За ужасот да биде поголем, насилството го снимале и го објавиле на социјална мрежа, а подоцна видеото било избришано.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот