Контакт

Вести

Пентагон ги негира руските тврдења за војници на САД на истокот од Украина

Објавено пред

Пентагон во четвртокот ги отфрли обвинувањата од Русија дека во зоната на судирот во рускојазичниот исток на Украина се наоѓаат американски војници и наемници од американска приватна компанија, нарекувајќи ги овие тврдеа „смешен обид да се сврти вниманието од сопствените“ руски активности во таа област.

dobivaj vesti na viber

„Русија очигледно продолжува да доставува оружје на вооружените сепаратисти во источна Украина, и им дава обука и помош во командувањето, што е очигледно кршење на обврските коишто Москва ги презема со договорот од Минск и кршење на сувереноста на Украина“, изјави Ајлин Лаинез, портпаролката на Пентагон.

Во средата портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки ја обвини Русија дека во областа Донбас под контрола на рускојазичните бунтовници инсталирала нови противвоздушни системи, вршела обука со беспилотни летала, а на границата со Украина трупала дополнителни сили.

Според Лаинез, Пентагон јасно дал до знаење дека американските специјалци се на западот од Украина, кај границата со Полска каде што ги обучуваат припадници на Украинската национална гарда.

Кон средината на април американската армија објави дека 300-те падобранци од 173-та воздухопловна бригада се распоредени во градот Јаворов, во регионот Л’вов во близина на полската граница и на границата со побунетиот рускојазичен регион Донбас. САД во Украина во периодот од март до октомври годинава ќе распоредат најмалку 300 војници во рамките на проектите за соработка со украинската армија. Американскиот воен персонал ќе биде сместен во Меѓународниот центар за поддршка на мирот и безбедноста (International Peacekeeping and Security Center — IPSC) на Јаворовскиот полигон во Л’вовската област во рамките на заедничките воени вежби.

Претходно во четвртокот Руското министерство за одбрана обвини дека припадниците на американската војска се наоѓаат во областите на судирите во источна Украина. Портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, изјави дека американската војска ги вежба украинските единици, не само на западот од земјата, „како што покажуваат украинските телевизии, туку директно во зоната на судирите во областите Мариупол, Сведродонецк, Артјамовска и Воолновахе.

Одговорот од четвртокот на Пентагон всушност е реакција на соопштението на руското министерство за надворешни работи, информираше дека ноќта кон четвртокот во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Џон Кери, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров уште еднаш предупредил дека присуството на американските војници во Украина не придонесува за смирување на ситуацијата.

„Лавров истакна дека присуството на Јаворовскиот полигон на војници на 173-та воздушнодесантна бригада на САД и информацијата за присуството во редовите на украинските единици на припадници на американската воена компанија Academy сведочи за прекршувањето на Киев на своите обврски за повлекување на сите странски сили, воена опрема и платеници од територијата на Украина“, што е една од одредбите на Минскиот договор потпишан од челниците на Украина, Русија, Франција и Украина, се вели во соопштението на руската дипломатија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија13 часа

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија19 часа

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...

Македонија19 часа

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

Граѓаните што направиле некој од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на „Безбеден град“ и без да им стигне известување...

Македонија19 часа

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на...

Македонија20 часа

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошката, велат од Левицата

Левицата предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како...

Македонија21 час

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот, доставил документи за влошена здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, на...

Топ21 час

Кривични пријави за измама и давање лажен исказ: изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи...

Топ22 часа

Ја убиле со пиштол, телото ѝ го спуштиле во дупка и го запалиле: истрага против две лица за свирепо убиство на жена во гостиварско Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство...

Македонија23 часа

„Дали Коцевски тактизира со оставката за да купи време и да се забошотат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење...

Свет23 часа

Трамп ја продолжи забраната за патување во САД за уште седум земји

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го прошири списокот на земји чии граѓани имаат забрана за патување во Соединетите Американски Држави,...

Свет23 часа

Терористот од Сиднеј обвинет за 59 кривични дела

24-годишниот Навид Акрам, кого полицијата го сомничи дека стои зад масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за вкупно...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го...

Македонија1 ден

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија2 дена

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ2 дена

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија2 дена

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија2 дена

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ2 дена

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...