Спорт
Суперкомпјутерот прогнозира триумф на Бразил во Русија
Бразил ќе ја освои титулата на Светското првенство во Русија пресметал суперкомјутерот во Англија. Овој суперкомпјутер веќе е тестиран на натпревари во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Според суперкомјутерот Бразил во финалето ќе ја победи Шпаниј…


Бразил ќе ја освои титулата на Светското првенство во Русија, пресметал суперкомјутерот во Англија. Овој суперкомпјутер веќе е тестиран на натпревари во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Според суперкомпјутерот, Бразил во финалето ќе ја победи Шпанија, откако претходно во полуфиналето Шпанците со 1:0 ќе ја победат Германија, а Бразил ќе биде подобар од Франција со 3:1.
Суперкопјутерот предвидува дека во осмина-финалето ќе има едно големо изненадување, а тоа е дека Египет ќе ја победи Португалија со 2:1. Осмина-финалната фаза според неговите пресметки нема да ја мине ниту Аргентина.
Победници и вторпласирани во групите:
Група А. Египет, Уругвај
Група Б: Шпанија, Портигалија
Група Ц: Франција, Перу
Група Д: Исланд, Аргентина
Група Е: Бразил, Србија
Група Ф: Германија-Мексико
Група Г: Белгија, Англија
Група Х: Полска, Колумбија
Осмина-финале:
Египет-Португалија 2:1
Франција-Аргентина 2:1 (продолженија)
Бразил-Мексико 3:0
Белгија-Колумбја 2:1
Шпанија-Уругвај 2:1
Исланд-Перу 1:0
Германија-Србија 3:1
Полска0Англија 1:2 (продолженија)
Четврт-финале:
Египет-Франција 1:3
Бразил-Белгија 2:2 (Бразил оди понатаму по изведувањето на пенали)
Шпанија-Исланд 4:1
Германија-Англија 3:2
Полу-финале:
Франција-Бразил 1:3
Шпанија-Германија 1:0
Финале:
Бразил-Шпанија 2:1
Светското првенство во Русија ќе се игра од 14 јуни до 15 јули на 12 стадиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа противниците во Конференциската лига

Фото/ ффм.мк
Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар од можните четири притивници го доби најпосакуваниот, фудбалскиот клуб ла Фиорита од Сан Марино.
Силекс во првата квалификациска рунда ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, додека Работнички доби противник од Белорусија, фудбалскиот клуб Торпедо.
Бидејќи не беа носители, македонските тимови, првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Спорт
Велшки предизвик за Шкендија во првото квалификациско коло

Шампионот на Македонија, Шкендија, во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите ќе се соочи со првакот на Велс, ТНС:
Првиот натпревар ќе се одигра на 8 или 9 јули во Македонија, а реваншот е на програмата една недела подоцна во Велс.
Шкендија и ТНС играа во 2018 година, исто така во првото квалификациско коло. Шкендија победи дома со 5:0 (четири гола постигна Ибраими), а ТНС во реваншот беше на чекор до сензација, победи со 4:0
Спорт
Каде „погреши“? Гризман стана татко четврти пат

Францускиот фудбалер Антоан Гризман и неговата сопруга станаа родители по четврти пат на 15 јуни. Се роди нивната трета ќерка…
Голгетерот на Атлетико Мадрид и неговата сопруга Ерика Чоперена ја објавија оваа прекрасна вест, но медиумите и навивачите веднаш забележаа дека нешто „не е во ред“.
Набрзо следеа шеги за францускиот фудбалер.
Каде „погреши“ овој пат?
Имено, ќерката Шај се роди на 15 јуни, и тоа е прв пат во нивното семејство бебе да не се роди на 8 април.
Претходно ќерката Миа (родена 2016 година), синот Амаро (2019 година) и втората ќерка Алба (2021 година) се родени на истиот датум 8 април.
Антоан Гризман напиша на своите социјални мрежи:
„На 15 јуни се роди Шај, делчето што недостасува од нашата сложувалка.“
Интересно е што Антоан и неговата сопруга Ерика се венчаа на 15 јуни 2017 година.
Дали францускиот фудбалер овој пат го „таргетираше“ датумот на годишнината од бракот?