Македонија
Семафор на Стража ќе има до август
Сообраќајот на планинскиот превој Стража ќе се регулира со семафор до почетокот на август. До тогаш Јавното претпријатие за државни патишта очекува да заврши зајакнувањето на петте моста, градежни активности поради кои се поставени семафорите. Директорот на Јавното претпријатие, Зоран Китанов, вели дека паралелно со зајакнувањето на мостовите се работи и на рехабилитација на коловозот.
„Неблагодарно е да се каже, но очекуваме до почетокот на август да има семафор на овој патен правец оти така налагаат безбедносните правила. Сега се работи на вториот мост од вкупно петте што треба да се зајакнат, а едниот е целосно завршен. Семафорите остануваат оти како ќе се заврши еден мост, тие се селат на друг. На овој патен правец се работи со полн капацитет, се работи и на мостовите и на рехабилитација на коловозот. Со мостовите очекуваме да се заврши до август, а целосната рехабилитација на коловозот, вклучително и обнова на сигнализацијата, очекуваме да заврши со крајот на градежната сезона, односно октомври – ноември“, вели директорот Китанов.

Оние што минуваа преку Стража изминатиот продолжен викенд се пожалија дека колоната кај семафорот била долга околу пет километри и со часови го минувале планинскиот превој. Сведок за долгиот застој на Стража е ѓубрето. Патот од двете страни е буквално посипан со отпадоци, а имало и глутница кучиња.
Директорот на Јавното претпријатие „Македонијапат“, Гајур Кадриу, најави дека, иако не е во негова надлежност, и овој пат ќе испрати екипа да го собере отпадот.

„Таму никој не може да исчисти колку што луѓето валкаат. Ќе пратам и сега екипа да исчисти уште овој пат, но треба да се најде трајно решение за хигиената таму. Не е наша обврска да чистиме таму, има градежни активности, има инвеститор, а има и локална самоуправа. Апелирам луѓето да внимаваат повеќе и да фрлаат отпадоци оти во крајна линија тоа е и казниво. Никаде во светот ѓубре не се фрла од прозорец“, рече директорот Кадриу.
Тој се пожали дека има недостиг од патари, а токму нив ги праќа да го соберат отпадот. Сè уште не добил одобрение од Владата за нови вработувања, а со почетокот на градежната сезона насекаде работат на крпење дупки и тековно одржување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

