Спорт
Шокираниот Валверде по мечот повторувал една реченица
Барселона е во шок по елиминацијата во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Дуелот во Рим требаше да биде рутина за Каталонците, но како одминуваше се претвори во вистински кошмар за тренерот Ернесто Валверде и неговите фудбалери.
Барселона трет па…

Барселона е во шок по елиминацијата во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Дуелот во Рим требаше да биде рутина за Каталонците, но како одминуваше се претвори во вистински кошмар за тренерот Ернесто Валверде и неговите фудбалери.
Барселона третпат во последните пет години дожувеа елиминација во четврт-финалето. Синоќа на „Олимпико“ Рома одигрa храбро, инспирирано и го оствари најголемиот успех откако Лигата на шампионите се игра во овој формат.
По мечот тренерот на Барса пред новинарите повторувал само една реченица: „Не ја игравме својата игра“.
„Тие беа одлични, а ние не ја игравме нашата игра. Сè одеше на нивна страна, не можевме да ја играме својата игра. Нè притискаа од првата до 90. минута и моравме да играме со долги топки, што не е нашата игра“, рекол Валверде.
„Грозен ден за нас, не можевме да сториме ништо против нивниот пресинг. И кога го постигнаа првиот гол, ние не можевме да ја играме својата игра. Кога противникот игра високо се обидувате тоа да го казните со долги топки“, дополнил тренерот на Барселона преземајќи ја одговорноста за поразот.
„Јас сум виновникот. Тренерот секогаш е одговорен за сите работи, за измените, за новите играчи, за погрешната тактика…Минатата недела игравме со истата формација и постигнавме четири гола. Овој пат не можевме да ја играме нашата игра“, завршил Валверде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

