Македонија
(Видео) Данев: Владата на СДСМ и ДУИ е најкриминална и најнеспособна од сите досега
Оваа Влада покажа дека нема капацитет за водење институции и наместо да ги решава проблемите на граѓаните, работи исклучиво за своите партиски и лични интереси, обвини координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Тој образложи зошто опозицијата поднела барање за гласање доверба на Владата.
„За задржување на климавата коалиција со ДУИ, за да останете на власт ги подривте националните и државните интереси. Повеќе нема демократија во РМ, премиерот и министрите во исто време се политичари, судии, обвинители и бизнисмени. Ги партизирате сите институтции, се бркаат од работа и се деградираат професионалци. Судството е заробено, се кршат Уставот и законите, што се покажа со носењето на законот за јазици. Дојде живот само за владините и партиските функционери на СДСМ“, рече Данев.
Опозицијата денеска се врати во собранието по 4 месеци пауза. Барањето за гласање е поднесено од 42 пратеници, но ВМРО-ДПМНЕ очекуваат вечерва пред полноќ да биде изгласана недоверба иако се потребни 61 глас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

