Македонија
Османи: Македонија и Украина треба да ја продлабочат економската соработка
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин.
На средбата беа отворени темите за европските перспективи на двете земји, за билатералните односи помеѓу Македонија и Украина, како и можностите за унапредување на соработката, особено во економската сфера.
Соговорниците заеднички се согласија дека меѓу Македонија и Украина нема отворени политички прашања, што ги прави меѓусебните односи исклучително добри. Тие потенцираа дека двете земји една во друга гледаат искрен партнер, пријател и сојузник, земји кои имаат заеднички евро-атлантски аспирации.
„Добрите политички односи треба да бидат основа за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји”, истакна Османи додавајќи дека владите на двете земји треба да обезбедат услови за унапредување на трговската и инвестициската размена.
Во однос на европските перспективи за време на средбата вицепремиерот потенцираше дека Владата останува посветена на ЕУ агендата и дека напорно работи на реформите и во овие последни денови пред 17 април, т.е. пред излегувањето на редовниот извештај на Европската комисија за состојбите и напредокот на земјите. Во оваа насока соговорниците изразија обострана поддршка за аспирациите на Република Македонија и на Украина за членство во Европската Унија и во НАТО, што позитивно ќе влијае на демократските процеси, стабилноста и безбедноста на земјите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

