Македонија
И пратениците на СДСМ поставија транспарент во собраниската сала
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/30623616_1549263125184112_1952633050638581760_o-1.jpg)
Кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на седницата во Собранието за доверба на Владата се појавија со транспаренти на кои се испишани критиките за новата Влада, пратениците на СДСМ по паузата поставија транспарент со 8 остварени ветувања.
На транспарентот како остварени ветувања се наброени повисоката минимална плата од 12 илјади денари, решавањето на проблемот со стечајците, укинувањето на радиодифузната такса, бесплатен одмор за 35.000 работници, поблиску до НАТО и други.
Кај опозицијата, освен транспарентите за неостварени проекти, на клупите се оставени и фотографии на пратеникот Томислав Тунтев со Субрата Рој.
По паузата, која заврши во 18 часот, во собраниската сала има 12 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и 33 од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Летен времен режим на сообраќај на државните патишта во Македонија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4886-1.jpg)
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, извести АМСМ.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.
Македонија
На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/granica-bogorodica-1.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез во државата изнесува околу 45 минути. На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата изнесува околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Распишан е тендер за компресорите, Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/hirurgija.jpg)
Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Се надевам дека до крајот на декември ќе се завршат и комплетно и ќе се вратат во функционална состојба хируршките сали во Клиничкиот центар во Скопје. Во меѓувреме ќе инсистираме ако може што поскоро да се случи тоа“, рече Таравари.
Одговарајќи на новинарски прашања, министерот истакна дека од она што можел да го види, состојбата со салите на Клиничкиот центар не била добра, а според кажувањата исто е и на Клиниката „8 септември“. Најави дека по консултација со Министерството за финансии ако добие дозвола, и се изнајде начин плаќањето да се одвива во неколку години, ќе инсистира да почнат со реновирање.