Македонија
(Видео) Анѓушев: ВМРО-ДПМНЕ потроши 225 милиони евра за 23 странски инвестиции

Гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ потроши 225 милиони евра за 23 странски инвестиции, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на собраниската расправа за интерпелација на Владата. Ова, според него, претставува проблем поради потрошените средства.
„69 милиони евра се пари за даночни олеснувања, а преостанатите 130 милиони евра се потрошени на промоции. Тоа е проблемот. Само 23 странски инвестиции со 19 илјади вработувања, каде што 60 проценти се преземени, а не нововработени“, вели Анѓушев.
Тој вели дека гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ мисли дека нема странски инвестиции бидејќи новата Влада не се сликала со инвеститорите кога дошле на аеродром, па во Владата и кога се поставувал камен-темелник, но, сепак, додаде тој, има 10 компании што новата Влада ги убедила да дојдат. Анѓушев вели дека за три месеци новата Влада убедила странска компанија да инвестира во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ не можела да ја убеди три години.
„Ние ги донесовме компаниите со 0 денари трошок. Тоа е разликата. Вашата статистика е дека се вработиле 180 илјади луѓе во тоа време. Тоа е веројатно точно. Ако 20 илјади од нив се вработиле во странските компании, 50 илјади во администрација, тогаш кој ги вработи другите? Тоа е реалната македонска економија. Прашањето е: Што вие ѝ помогнавте на реалната македонска економија? Тоа го правиме ние со законот за економски раст“, вели Анѓушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Центар, Аеродром, Сарај и Бутел денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 – 11:00 часот, објектите во околината на Транспотниот Центар, односно делови од улиците: Мирче Ацев и Никола Карев. (Општина Центар)
· од 09:00 – 12:00 часот, дел од ул. Ѓорѓи Капчев. (Општина Аеродром)
· од 09:30 – 12:00 часот, дел од с. Никиштани. (Општина Сарај)
· од 11:00 – 14:00 часот, објектите во околината на БОРА ПЕТРОЛ во Индустриската зона – Качанички Пат, Визбегово. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд (над 30л/м2), а на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на улицата Ванчо Мицков бр.40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Ванчо Мицков, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.