Македонија
(Видео) Богоевски до опозицијата: Престанете да се однесувате како партија на чие чело е Груевски

Пратеникот Павле Богоевски го повтори ставот на пратениците од СДСМ тврдејќи дека интерпелацијата служи само за да го покрие враќањето на опозицијата во Собранието. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ не личи на сериозна партија, а прави чекори, кои, според него, не ги прават ниту малите деца.
„Ова што го правите не е демократија, туку несериозност. Пред две години, кога лицето што сè уште е претседател, ослободи 62 лица од криминал, го роди движењето што ве тргна од власт. Оние што влегоа во Собранието не ги нападнаа пратениците, туку сите граѓани. Вината не барајте ја кај нас, туку меѓу вашите редови и луѓето што денес не се тука. Тоа што го правевте е за да спасите луѓе од кривичен прогон, да го спасите вашиот претседател. Тој дојде еднаш, истури чаша вода кај претседателот и пред целиот свет покажа каков е, односно дека е силеџија“, вели Богоевски.
Тој од собраниската говорница кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ја заробила државата, а оваа Влада се отворила и ја слушала критиката на народот. Според Богоевски, денес слободно се критикува и никој не трпи последици од тоа.
„Ниту една влада не е без критика, има место за критика. Сега ние ги решаваме вашите проблеми. Ако ја сакате оваа држава, почитувајте ги институциите. Престанете да се однесувате како партија на чие чело е Никола Груевски“, им порача Богоевски на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
И Обвинителството се вклучи во постапката за пронаоѓање на маскираните разбојници кои ограбија златара

Обвинителството денеска информира дека во текот на ноќта и утринава од Основното јавно обвинителство од Гостивар се издадени повеќе наредби со цел откривање на сторителите кои вчера извршија грабеж во златара во близина на малиот пазар во Гостивар.
Разбојништвото се случи вчера попладне, а случајот беше пријавен во полиција во 18:45 часот.
Четворицата максирани лица со автоматско оружје го извршиле разбојништвото по што побегнале со БМВ без регистарски таблички.
Македонија
Јакимовски: Фотоволтаичните панели не се шминка, туку вистинска работа

Во сите 10 основни училишта во општина Карпош веќе се поставени фотоволтаични панели – проект кој ја позиционира општината како лидер во зелена енергија и одржлив развој. Ова не е шминка, туку вистинска работа, визија и енергија што носи резултати, вели актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Карпош од коалицијата „Искуство за успех“ предводена од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски.
Со оваа инвестиција, училиштата веќе ги намалија своите сметки за електрична енергија, а следниот чекор е уште поамбициозен – да станат производители и продавачи на електрична енергија.
„Нашата цел е едноставна – училиштата да произведуваат повеќе струја отколку што трошат, да ја враќаат назад во системот и да станат мали енергетски центри со голема општествена улога“, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски.
Со ова, Карпош ќе биде првата општина во Македонија што целосно ќе функционира на принципи на енергетска ефикасност и зелена трансформација.
Учениците ќе учат од жив пример дека иднината е зелена, а училиштата ќе се претворат во вистински симбол на одговорност и иновација.
„Додека некои велат дека ќе поставуваат панели, ние веќе ги имаме. И не само тоа – сега ги надградуваме и ги претвораме во генератори на енергија. Карпош не чека наредби. Карпош мисли, работи и произведува – зелена енергија, чиста совест, силен Карпош,“ порача Јакимовски.
Македонија
Минчев: 11 Октомври нека биде потсетник за нашата одговорност

„11 Октомври нека биде потсетник за нашата одговорност, да ја унапредуваме татковината со обединети сили, знаење и заедништво. Само така ќе обезбедиме стабилна и просперитетна иднина за генерациите што доаѓаат“, порачува министерот за за јавна администрација Горан Минчев во честитката упатена по повод 11 Октомври.
– На овој ден се сеќаваме на храбрите мажи и жени кои, пред повеќе од осум децении, храбро се спротивставија на тиранијата и ги поставија темелите на борбата за слободна и праведна Македонија. Нивната жртва и визија за подобро утре се наша водилка денес, да продолжиме да градиме општество засновано на демократија, еднаквост и солидарност, вели Минчев во честитката.