Македонија
Груби: Чиста препорака за ЕУ на 17 април

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, заедно со членовите и заменик-членовите на Комисијата, денеска оствари средба со хомолозите од Комисијата за ЕУ прашања при германскиот Бундестаг, предводена од претседателот Гинтер Крихбаум. Покрај Крихбаум (ЦДУ), во состав на делегацијата беа и пратениците Харалд Вејл (АфД) и Томас Хакер (ФДП) .
Груби истакна дека посетата на германските колеги е правовремена и многу потребна за нашата земја затоа што доаѓа од клучна земја членка на Унијата и голем пријател на Македонија и регионот.
Груби ги запозна своите германски колеги со денешното планирано заокружување на реформските активности на земјата во светло на европските и евро-атлантските интеграции, но и пошироко, во контекст на улогата на Македонија, во однос на регионалната соработка и стабилност.
Во тој контекст, Груби го поздрави враќањето на опозицијата назад во работата на Парламентот, при што токму на денешната парламентарна седница, во духот на консензусот и во интерес на иднината на Република Македонија ќе бидат донесени сетот на преостанати законски проекти, со што ќе се заокружат клучните реформски области.
Груби посочи и на активностите кои се преземаат во контекст на напорите за надминување на разликата околу името, како и генералното унапредување на односите помеѓу двете земји, при што изрази оптимизам дека решението е поблиско од кога било. Тој додаде дека клучни успеси на ова парламентарно мнозинство се и заокружувањето на нормативниот дел од Охридскиот договор преку постигнување јазична еднаквост и добрососедскиот договор со Бугарија.
На средбата со своите германски колеги, која се оддржува непосредно пред објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, Груби истакна убеденост дека земјата ќе добие чиста и безусловна препорака за почеток на преговорите и побара германска помош за добивање и датум за преговори годинава, но и за покана за членство во НАТО на Јулскиот самит на Алијансата.
На средбата пратениците изразија задоволство од заемните заложби за внесување нова динамика во политичкиот дијалог, кој е во функција на збогатување на севкупната билатералната соработка меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.
Исто така, беше заклучено дека парламентарната соработка мора да се продлабочува, беше изразена благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија за европските интеграции на земјите од Западниот Балкан, а особено беше истакната благодарност за поддршката на Германија преку иницијативата на „Берлинскиот процес“.
Германските пратеници ја реафирмираа поддршката на Сојузна Република Германија во однос на европскиот и евро-атланскиот интегративен процес на земјата, оценувајќи дека интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ ќе резултира со оддржлив мир и стабилност во нашата земја и регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вилијам Михајловски, осуден на 14 години затвор, ќе ја води Комисијата за безбедност и правда на Единствена Македонија

Централниот комитет на Единствена Македонија на дводневната седница во Охрид меѓудругото донесе и неколку кадровски одлуки од своја надлежност.
„Беше избран нов Извршен комитет, а воедно за генерален секретар беше избран Милан Јовчески, а за член на Извршниот комитет беше избран уставобранителот Вилијам Михајловски – Гајда во моментот неоправдано осуден на 14 години затвор за Македонија. Вилијам Михајловски како член на Извршниот комитет ќе ја води и Комисијата на Единствена Македонија за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници“, соопштија од партијата.
Потсетуваме дека Централниот комитет утврди 29 кандидатски листи за локалните избори, а уште шест се во постапка за утврдување на следната седница на Централниот комитет. Донесена е и одлука за кандидат за градоначалник на Град Скопје.
Македонија
Османи формира тим во Чаир со задача да донесе милион евра од европските фондови

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денес го најави формирањето на специјална Task Force единица посветена на IPA фондовите, со јасна цел – европските средства да дојдат директно во оваа општина.
„Три години бев државен координатор за IPA фондовите. Знам како функционираат овие програми, каде се можностите и кои се луѓето во Брисел што одлучуваат за нив,“ истакна Османи.
Тој додаде дека од денес Чаир има тим со еден единствен мандат: да донесе милиони евра од европските програми директно во општината.
„Ова значи подобри улици, посилни училишта и побогата заедница. Чаир заслужува да биде директно поврзан со Европската Унија и ние тоа ќе го направиме реалност,“ истакна Османи.
Со оваа иницијатива, додаде тој, Чаир стапува на патот на европска интеграција на локално ниво, користејќи ги можностите што ги носат фондовите на ЕУ.
Македонија
„Таравари не излезе од Владата поради грижа за правата на Албанците, одговорите нека ги побараат во обврските преземани за инвестицијата Ѓока“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Алијанса на Албанците на Арбен Таравари треба да научи дека кога неосновано критикуваат и измислуваат, притоа ставаат зборови во уста кои не биле кажани од премиерот Мицкоски, ќе добијат аргументиран и издржан одговор“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Алијансата за Албанците.
„А вистината зошто излегоа од Владата не се крие во грижата на Таравари за Албанците ниту пак борбата за некакво подобрување на нивните права.
Вистината е многу едноставна и болна.
Членовите и заинтересираните за вистината одговорите нека ги побараат во една инвестиција на Таравари што се вика Ѓока. Какви обврски превземал и какви услови прифатил. Тоа не е наш проблем. Оставаме сами да си ги решат“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.