Култура
Работилници за филмска и театарска критика во МКЦ

Младинскиот културен центар од Скопје објави конкурс за учесници за циклус работилници за филмска и театарска критика, како дел од проектот „Гледај.мк“.
Работилниците ќе се реализираат во периодот од април до октомври 2018 година, ќе бидат еднодневни и ќе се одржуваат еднаш месечно. Во периодот меѓу работилниците, учесниците ќе работат на развивање на своите вештини за креативно пишување и критичко размислување заедно со тим од ментори.
Право да учествуваат на конкурсот имаат сите лица, кои на денот на објавување на овој конкурс имаат помеѓу 16 и 30 години и можат да учествуваат на сите работилници. Предност при селекцијата на учесници ќе имаат лица, кои до сега немаат објавувано сопствени рецензии и кои ќе имаат доволно слободно време за да учествуваат на работилниците, но и на активностите вон работилниците – следење филмови и претстави, фестивали, скрининзи.
Работилниците ќе се одржуваат во Скопје, во просториите на МКЦ, во неработни денови – сабота или недела, и ќе бидат најавувани барем една недела пред нивното одржување.
Одбраните учесници ќе добијат: учество на 5 еднодневни викенд работилници во наредните неколку месеци, развивање на вештините за креативно пишување и критичко следење на филмски и театарски дела, под будното менторско око на проф. Ана Стојановска, Влатко Галевски и Васко Маглешов, редовно објавување на рецензиите на gledaj.m, објавување на најдобрите рецензии во месецот во печатеното издание на Филм+, бесплатни карти за филмови и претстави, дружење со останатите учесници-вљубеници во театарот и филмот и гости-предавачи од Македонија и странство, можности за посета на домашни и странски филмски и театарски фестивали и поврзани настани.
Од одбраните учесници ќе се очекува учество на сите 5 работилници, пишување на најмалку 3 рецензии месечно, учество на месечни состаноци на групата, заеднички скрининзи, посетување на скрининзи, премиери, фестивали. Секој одбран учесник ќе треба да уплати сума за котизација од симболични 500 денари и да пополни изјава за учество. Средствата од прибраната котизација ќе се искористат за да се понудат дополнителни содржини и активности на учесниците.
Формуларот за учество е достапен на следниот линк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.