Спорт
Пресметка на титаните во Минхен, Ливерпул против „волчицата“
Уште четири тима останаа во борбата за титулата во Лигата на шампионите. Покрај актуелниот шампион Реал Мадрид тука се минехенски Баерн, Ливерпул и Рома.
Тимовите што партиципираат во полу-финалето заедно имаат 22 титули во Купот или Лигата на шампиони…

Уште четири тима останаа во борбата за титулата во Лигата на шампионите. Покрај актуелниот шампион Реал Мадрид тука се минхенски Баерн, Ливерпул и Рома.
Тимовите што партиципираат во полуфиналето заедно имаат 22 титули во Купот или Лигата на шампионите.
Реал е најтрофеен во ова друштво, има 12 титули. Екипата од „Сантијаго Бернабеу“ е прва што го одбранила трофејот во новиот формат на Лигата на шампионите.
Баерн и Ливерпул освоиле по пет трофеи. Баварците последен пат победиле во 2013 година, а екипата од Енфилд во 2005 година. Рома нема трофеј во најпрестижното клупско натпреварување. За римскиот тим ова е најголемиот успех во Лигата на шампионите, доколку се изземе финалето во Купот на европските шампиони во 1984 година.
Амбасадорот на финалето, Андреј Шевченко, ги извлече полуфиналните двојки. Украинецот ги спои минхенски Баерн и мадридски Реал, односно Ливерпул и Рома.
Баерн и Реал и лани играа во оваа фаза, а понатаму мина „кралскиот клуб“ со вкупни 6:2. Овие ривали досега имаат одиграно 24 натпревари, два од нив завршиле нерешено, а тимовите имаат по 11 победи.
Ливерпул и Рома низ историјата се сретнале петпати. „Црвените“ се поуспешни со две победи, Рома славела еднаш, а две средби завршиле нерешено.
Полуфиналните пресметки се играат на 24/25 април, а реваните на 1/2 мај. Финалниот меч се игра на Олимпискиот стадион во Киев, Украина на 26 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

