Македонија
Граѓаните бараат итно да се вклучат во сите одлуки за судбината на Водно

Засегнати граѓани, загрижени од континуираното уништување и деградирање на Парк-шума Водно, кои преку различни здруженија се борат за зачувување на Водно и заштита на Парк-шумата, заедно со уште 9 граѓански иницијативи од Скопјe, вчера доставиле четири барања до Владата, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и Градот Скопје.
Тие бараат итно вклучување (учество или присуство) на граѓанската иницијатива ‘’Спас за Водно” во работната група формирана за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение во однос на изградбата на Магистралниот гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар, како и непречен пристап до целокупната документација за истиот.
Исто така бараат отстранување на градежната механизација наменета за изведба на гасоводната мрежа од Парк-шума Водно, утврдување на границите на Парк-шума Водно и нивно јасно обележување на терен и неодложно усогласување на статусот на заштита на Парк-шума Водно со тековниот Закон за заштита на природата.
„Во изминативе години, Водно е нападнато со засилена урбанизација како од насока на градот, така и со неколкуте непотребни градежни проекти каков што е патот за Сончев град и телекомуникациската кула. Сведоци сме на континуирана злоупотреба на заштитената зона и непочитување на дефинираните граници на Парк-шума Водно, а гасоводот како проект низ сртот на Водно само ја прели чашата бидејќи претставува уште еден сериозен удар врз опстанокот на Парк-шумата Водно како оаза на зеленило и чист воздух“, реагираат тие.
Според нив, со сите овие проекти се зголемува потребата од дополнителна патна и пристапна инфраструктура, како и протокот на сообраќај, што негативно се одразува на целиот жив свет.
„Изградбата на трасата на Магистралниот гасовод Делница 5 преку сртот на Водно, за нас граѓаните, е неприфатливо решение бидејќи со градежните зафати трајно ќе се уништи голема површина на која има шума, ќе се измени ликот на планината и сериозно ќе се загрози био хабитатот на живиот свет на Водно. За нас е неприфатливо објаснувањето од инвеститорот дека одлуката за минувањето на трасата по сртот на Водно е само затоа што таа опција е најефтино решение, што автоматски значи дека не и најсоодветно“, сметаат граѓаните.
Транспарентноста и вклучувањето на граѓанскиот сектор при креирањето на политики и носењето одлуки и дејствија поврзани со Парк-шума Водно, според нив е е од клучна важност, и затоа бараат итно вклучување во работната група за Делница5 од гасоводот, формирана по донесената одлука на 61. владина седница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.