Контакт

Македонија

Кривична пријава за членови на комисија за категорозација на угостителски објекти

Објавено пред

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против членови на комисија за категоризација, бидејќи овозможиле објект наменет за бањски туризам да биде користен како хотел со 4 ѕвезди.

dobivaj vesti na viber

„Пријавените во својство на службени лица – членови на Комисија за категоризација на угостителски објекти за сместување при Министерство за економија, искористувајќи ја својата службена положба и овластувања поттикнати од Т.Ќ. овластено лице и подносител на Барањата за категоризација на Друштвото за бањски туризам и телесна рехабилитација Дебарски бањи – Цапа АД Дебар, во текот на 2017 година за објект во село Бањиште и објект во село Долно Косоврасти постапувајќи несовесно во вршењето на своите овластувања и должности сториле сериозни пропусти, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Тие, иако законски биле обврзани да извршат должен надзор над документацијата приложена кон барањата за категоризација, во која на недвосмислен начин е нотирано дека објектите функционираат како Стационари за Бањски туризам, а не како угостителски објекти, тоа не го сториле туку спротивно на процедурите изготвиле и своерачно завериле извештаи за категоризација на угостителски објекти со предлог за определена категорија и однеле Предлог решенија за утврдување на категорија за угостителските објекти до Владата на Република Македонија.
За споменатите објекти кои се во рамките на Приватната здравствена установа – Специјална болница по физикална медицина и рехабилитација „Дебарски бањи-Цапа“ Министерството за здравство, има издадено решение според кое овие објекти со целиот свој капацитет вршат здравствена дејност. 
„Со ова дејствие пријавените на незаконски начин, му овозможиле на правното лице Друштвото за бањски туризам и телесна рехабилитација Дебарски бањи – Цапа АД Дебар, во споменатите објекти каде извршува здравствена дејност и функционира како стационар за бањски туризам, да функционира како хотел со категоризација од четири ѕвезди и да врши угостителска дејност спротивно на позитивните законски прописи и на тој начин да прибави значителна материјална корист, се посочува во соопштението.

 

Македонија

Вчера 841 сообраќаен прекршок на територија на цела држава, 214 за брзо возење

Објавено пред

Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа констатирани 841 сообраќаен прекршок. Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци и натаму најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 270, потоа санкционирани се 214 возачи за возење со брзина поголема од дозволената, како и 82 мерки за возење без возачка дозвола, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Вчера, покрај ова, изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за минување на затворен сигнал, а прекршочни пријави заработиле и шестмина пешаци. Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 65 санкции, 28 мерки по основ на недозволено користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и шестмина мотоциклисти заради неносење заштитна кацига. Согласно, пак, Законот за возила од сообраќај се исклучени 17 нерегистрирани возила како и осум технички неисправни возила“, соопшти МВР и додаде дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич“, велат од партијата Левица

Објавено пред

„Фамилиите на Филипче, Заев и Мицкоски имаат свои приватни фирми во бугарскиот град Петрич. На ваков начин, коалицијата ДПМНЕ – СДСМ дополнително е споена од бугарскиот пазар и од тактиките за финансирање на партиите преку странски пари, што е кривично дело“, велат од партијата Левица.

dobivaj vesti na viber

„Баџанакот на Мицкоски, Јорданчо Јанев од Струмица, како еден од најблиските соработници на Мицкоски, е сопственик на фирма во Петрич преку која се вртат милиони евра. На адресата на фирмата на Јорданчо во Петрич е регистрирана уште една фирма, чиј сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски.

Венко Филипче има регистрирано фирма за недвижности во Петрич – Бугарија на ул. „Гоце Делчев” бр. 12. На истата адреса се водат и фирми на роднините на Заев, братот и братучедите Вице, Трајче и Бобан Заеви“, соопштуваат од партијата Левица.

„Бугарските газди, роднини на Мицкоски, се јавуваат и како донатори на ДПМНЕ, со илјадници евра уплатени на сметката на партијата и пренасочени на изборни сметки. Наспроти тоа, самопрогласениот патриот Мицкоски, се колнеше дека ќе ја спречи „бугаризацијата“ на Македонија.

Додека СДСМ и ДПМНЕ си делат тендери, функции, „амнестии“ и фирми во Бугарија, Обвинителството ги оправдува, УЈП и Антикорупциската комисија молчат, а парите од македонскиот народ завршуваат во џебовите на домашните предавници со странски интереси“, се додава во соопштението на партијата Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче во Брисел побара европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ

Објавено пред

Процесот на проширување на Европската Унија не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување, туку и процес од геополитичко значење. Ова го истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во своето обраќање на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д „Вили Брант“ за проширување на ЕУ“, која се одржа во Брисел.

dobivaj vesti na viber

Филипче, во својот говор, нагласи дека во период на динамични геополитички промени, повеќе од било кога е потребна социјалдемократијата како идеологија која нуди приоритет на трансатлантската солидарност, социјалната еднаквост и демографскиот интегритет.

„Никаде оваа визија не е повитална како на Балканот и во Северна Македонија, која претставува раскрсница на европските аспирации и современата геополитичка ранливост. Затоа, потребна е сеопфатна социјалдемократска агенда за процесот на проширување. Процесот на проширување не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување, тој е прашање на надворешно политичко и геополитичко значење“, рече Филипче.

Во својот говор, Филипче нагласи дека е неопходно ПЕС и групата СД во Европскиот парламент да преземат активна улога во процесот на проширување на Европската Унија. Според Филипче, социјалдемократските партии треба да предложат целосна и амбициозна агенда која ќе го забрза процесот на интеграција, обезбедувајќи демократска стабилност и напредок во регионот.Тој подвлече дека сеашниот застој за проширување не е само техничко или административно прашање, туку има многу пошироки и опасни последици по демократскиот развој на земјите кандидатки.

„Застојот само ги зајакнува авторитарните тенденции и ги зајакнува десничарските и екстремно десничарските политички сили во нивните земји, што оди на штета на демократскиот развој на овие земји. Сега е вистинско време социјалдемократите да го засилат процесот на проширување, во кој предолго беа заложници. Ако Европа и социјалдемократите не го пополнат постоечкиот вакум, тогаш тоа ќе го сторат антидемократските и антиевропските сили“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, додавајќи дека социјалдемократските партии треба активно да ја поддржат и убрзаат агендата за проширување на ЕУ, како и да се залагаат за политики кои ќе го зајакнат демократскиот развој во регионот.

Говорејќи за евроинтеграцискиот процес во Северна Македонија, Филипче истакна дека Владата не е подготвена да го продолжи процесот, што сериозно ја загрозува иднината на државата.

„Се соочуваме со Влада во Северна Македонија која не е подготвена да продолжи со уставните измени, неопходни за започнување на преговарачките поглавја со ЕУ. Македонската влада е пример за немање стратегија, особено во однос на прогресијата на евроинтеграциите. Северна Македонија е во бизарна ситуација на таканаречено самонаметнато вето, бидејќи Владата одбива да ги спроведе потребните уставни измени за да продолжи со пристапниот процес“, изјави Филипче.

Конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д ,,Вили Брант” за проширување на ЕУ“, во Брисел, се одржа во организација на прогресивната Алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот Парламент.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

(Видео) Филипче во Брисел побара европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ

Процесот на проширување на Европската Унија не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување,...

Топ1 час

Кривични против три лица од Струмица: грабнале 32-годишна жена

СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.А., 23-годишниот Б.Ч. и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради...

Европа2 часа

Трамп ја одби понудата на ЕУ: „Не, тоа не е доволно“

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија мора да се согласи да купи американска енергија во вредност од...

Свет2 часа

(Видео) Се активираше вулкан на Филипините, пепелта се издигна на околу 4.000 метри: постои ризик од опасна ерупција

Продолжува ерупцијата на вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините, а колоната од пепел се издигна на околу 4.000 метри...

Свет4 часа

Кина одговори на заканата на Трамп за нови царини: Ќе се бориме до крај

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека никогаш нема да ја прифати „уценувачката природа“ на американскиот пристап и вети дека ќе...

Европа4 часа

Зеленски за прв пат потврди дека украинските сили се наоѓаат во руската област Белгород

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат потврди дека украинските трупи се активни во рускиот регион Белгород за да ги...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Газа е неверојатно вреден недвижен имот, би било добро да го поседуваат САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повтори дека сака САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа, опишувајќи ја палестинската енклава...

Македонија17 часа

Колку вреди животот во Македонија – со две години треба да и запалам свеќа на сестра ми и да и речам биди задоволна, порача сестрата на загинатата Теодора

Судот во Тетово пресуди две години затвор за Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Нејзинита...

Македонија20 часа

29-годишниот Aлександар е 61. жртва на пожарот: имал 35 отсто изгореници од трет степен

Александар Гавриловски, роден на 7 март 1996 година, е 61. жртва на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Тој почина денес...

Македонија21 час

Потребни се итни акции за спас на Преспанското Езеро, клучна соработката со владите во Грција и Албанија

Првиот вицепреммиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на советодавната мисија „Рамсар“, предводена...

Македонија21 час

Очигледно, направена е некаква грешка, рече Мицкоски за царината од САД, очекува бргу да се коригира

Премиерот Христијан Мицкоски очекува бргу да се коригира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон Македонија од 33 отсто....

Македонија22 часа

Се зголемува капитацијата за матичните лекари, за гинекологија и за стоматологија

Владата донесе одлука за зголемување на капитацискиот бод за матичните доктори по општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април...

Македонија23 часа

Меџити: Таравари треба да расчисти со дилемите, неприродно е и „Влен“ и соработка со ДУИ

Арбен Таравари треба да расчисти со дилемите, смета неговиот коалициски партнер, Изет Меџити. За односите меѓу нив, во рамки на...

Топ23 часа

Уапсен 19-годишник по сообраќајната несреќа во Скопско каде загина малолетничка

Вчера околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Патишка река – село Осинчани, скопско,...

Топ23 часа

Тетовец загина во сообраќајна несреќа на патот Маврово – Дебар

Вчера во 17:50 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар поточно во местото викано Скудрински...

Македонија1 ден

Најстудено утрово на Попова Шапка, најмногу снег во Крушево

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6...

Македонија1 ден

Партијата Левица: На локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Партијата Левица ја одржа 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која беа донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните...

Свет1 ден

Милијардер близок до Трамп: Не е тоа за што гласавме

Менаџерот на Хеџ Фонд, Бил Акман предупреди дека царините на Трамп би можеле да го доведат светот во „економска нуклеарна...

Европа1 ден

Шефот на НАТО за мировниот договор: Топката е јасно на теренот на Русија

Русија веројатно нема да може да им диктира услови на САД за прекин на огнот во војната во Украина, но...

Свет1 ден

(Видео) Хамас го ракетира југот на Израел

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека истрелала ракети врз градовите во јужен Израел како одговор на „израелскиот масакр на цивили“...