Спорт
Премиер лигата го објави номинациите за играч на сезоната
Премиер лигата ги објави номинациите за играч на сезоната и за најдобар млад фудбалер. На двете листи има по шест имиња, а двајца Лирој Сане и Хари Кејн се во конкуренција за двете награди. Најмногу номинирани фудбалери има Манчестер сити.
Покрај Хари …

Премиер лигата ги објави номинациите за играч на сезоната и за најдобар млад фудбалер. На двете листи има по шест имиња, а двајца Лирој Сане и Хари Кејн се во конкуренција за двете награди. Најмногу номинирани фудбалери има Манчестер сити.
Покрај Хари Кејн од Тотенхем, во конкуренција за престижната награда влегоа и Кевин Де Брујне, Лирој Сане и Давид Силва од Манчестер сити, Мохамед Салах од Ливерпул и Давид Де Хеа од Манчестер јунајтед. Најсериозни кандидати се Салах и Де Брујне.
Во конкуренција за најдобар млад играч покрај Кејн и Сане, влегоа уште Рахим Стерлинг и Едерсон од Манчестер сити, Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, односно Рајан Сесињон од Фулам.
За играч да влезе во конкуренција за оваа награда тој не смее да има повеќе од 23 години во моментот кога започнува сезоната во Англија.
Минатата сезона наградите ги освоија Нголо Канте од Челси и Деле Али од Тотенхем.
Наградите ќе бидат доделени на 22 април во Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

