Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не се грижи за безбедноста на граѓаните во Гази Баба
Министерството за внатрешни работи со месеци нема назначено командир на полициската станица Гази Баба која покрива речиси половина од Скопје и која е одговорна за над 100 илјади граѓани, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во сооптение до јавноста.
„Граѓаните на Гази Баба се сведоци на грабежи, насилства и закани по нивната лична безбедност, а Министерството сеуште не именува соодветна личност за вршење на оваа функција. Со други зборови оваа полициска станица е обезглавена.
Согласно законската процедура Министерството за внатрешни работи предводено од Оливер Спасовски треба до Советот на општина Гази Баба да поднесе предлози за именување на командир на полициска станица, но тоа како што рековме со месеци веќе не го прави“, велат од партијата.
Тие сметаат дека тоа е доказ дека на МВР не му е грижа за безбедноста и сигурноста на над 100 000 граѓани и нивните имоти.
„ Ваквиот индолентен однос остава простор криминалците слободно да хараат на просторот на нашата општина и пошироко во целата надлежност на полициската станица и на тој начин да го загрозуваат редот и безбедноста. Што треба да се случи за Оливер Спасовски и градоначалникот Георгиевски да ја сфатат сериозноста на ова прашање? Граѓаните заслужуваат да бидат сигурни дека органите задолжени за редот и мирот функционираат во полн капацитет и ваквата несериозност од страна на надлежните со право ги загрижува“, стои во соопштението,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

