Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев лаже дека донеле 10 нови инвестиции

Анѓушев лаже дека донеле 10 нови инвестиции, единствената инвестиција е продажбата на неговата фрма на грчка државна компанија, реагира ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Кочи Анѓушев, што се однесува на 10 нови инвестии во земјава, меѓу кои и реномирана швајцарска компанија.
„Една од областите каде владата на Заев доживува вистинско фијаско се токму странските инвестиции. А кога тоа е во прашање, гледаме дека не им е тешко ниту да излажат, ниту погрешно да интепретираат бројки, а најтешко им е да сработат. Единствените странски инвестиции во државава се оние донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ, и кога Анѓуев се фали дека има странски инвестиции тоа се оние кои тие ги наследија од претходната Влада. И кога лажат незнаат за доста, па еднаш Анѓушев вели дека се 10 инвестиции, па Заев вели дека имало 18, во реалноста нема ниту една нова инвестиција, ниту еден нов камен темелник на инвестиција која СДСМ ја донела, а доколку има еве јавно нека кажат кои се, без да ги набројуваат оние од времето на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на опозицијата.
ВМРО додава дека единствената странска инвестиција е на Анѓушев кога во ек на преговори за името на јужниот сосед договорил со грчка државна фирма да си ја продаде својата приватна компанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што го нудат во малопродажба. Тука влегуваат и маркетите што продаваат основни прехранбени производи, овошје и зеленчук и трговците што продаваат средства за хигена, трговци на мало со бела техника, со играчки, техстилни производи, градежни материјали, алати и електрични апарати, буквално сите трговци што вршат трговија на мало. Исклучени се само микротрговци, односно оние што вработуваат до 10 лица, информира министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Ова произлегува од Правилникот за начинот на објавување на цените на стоките и податоците што треба да се објавуваат од страна на мал, среден и голем трговец, кој врши дејност трговија на мало.
„Во согласност со Правилникот на Министерството за економија и труд, малиот, средниот и големиот трговец, кој врши дејност трговија на мало, има обврска да ги објавува цените на стоките што ги пласира на пазарот на својата веб-страница на јасен и достапен начин преку посебен дел на веб-страницата на трговецот посветен на цените, односно ценовник. Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава. Ценовникот треба да содржи: назив на стока – производ (трговска марка, модел и слично), продажна цена со ДДВ, единечна цена за килограм, литар, метар, опис на стоката, достапност во продажен објект, редовна цена со ДДВ и промотивна или цена со попуст, која треба да содржи цена со попуст изразен во проценти, вид промоција, дали е тоа промотивна понуда, пакет за лојалност или сезонски попуст, како и времетраење на промоцијата или попустот“, појасни министерот.
Трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10 часот.
Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките трговецот треба да ја коригира грешката во рок од 24 часа.
„Граѓаните сега ќе може да изберат каде ќе ги трошат своите пари бидејќи самите ќе може да видат и да споредат во кој маркет има најниски цени. Ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец. Нашите очекувања се дека со оваа мерка во наредниот период дополнително ќе има намалување на цените“, рече Дурмиши.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Грантови од 10 илјади евра за младите земјоделци, субвенции за млекопроизводителите

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно докажува дека работи за иднината и за младите да останат во својата татковина и да го поминат својот живот тука во земјата во која се родени и растени. Ако изминативе 7 години, земјоделството беше заборавено од страна на минатата власт на СДС и ДУИ, сега тоа е спротивно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се вложува во секоја пора на општеството. Се вложува многу и во земјоделството. Покрај помошта која што сточарите, оризопроизводителите, лозарите ја добија, сега и млекопроизводителите го добија заслуженото.
4574 млекопроизводители беа исплатени од државата со вкупен износ од 292.614.813,00 денари.
Се изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година.
Во однос на младите, се оформи повик за млади земјоделци кои ќе добијат грантови од 10 илјади евра за започнување на производство на квалитетна и органска храна. На овој начин ќе се стимулираат младите да се насочат кон земјоделието и ќе ја обезбедиме иднината на македонското земјоделство.
Иднината е во младите. Владата помага преку проекти и субвенции за оваа гранка од општеството. Што повеќе задоволни земјоделци, толку повеќе квалитетна македонска храна на трпезите.
Земјоделците нема да бидат заборавени, како што биле во минатото. Тие ја имаат безрезервната поддршка на Владата и тоа ќе продолжи во иднина!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Исплатени речиси 4,7 милиони евра субвенции за млекарите

Во текот на вчерашниот ден се исплатија 4.574 млекопроизводители со вкупен износ од 292.614.813 денари, информира Министерството за земјоделство.
„Извршената исплата е по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година. Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко“, се наведува во соопштението.
Со ова, велат од МЗШВ, субвенциите по основ на произведено и предадено млеко за 2024 година се целосно исплатени.