Македонија
Иванова ги почести жените на амбасадорите велигденски ручек
																								
												
												
											Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, денеска организираше велигденски ручек за сопругите на резидентните амбасадори во Македонија, при што беа посетени манастирската црква „Св. Андреја“ и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка во близина на Скопје.
На ручекот присуствуваа сопругите на амбасадорите на Европската унија, Русија, Чешка, Германија, Унгарија и Шведска.
Според Иванова, Македонија изобилува со огромно културно и духовно наследство и затоа велигденскиот ручек, еднодневната прошетка и посета се одржаа во едни од најубавите скопски манастири – манастирската црква Св.Андреја и манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка од каде што заедно со сопругите на амбасадорите упатија пораки за мир, љубов, благосостојба, здравје, среќа, радост и убавини.
„ Оваа година е посебно значајна за Република Македонија затоа што одбележуваме еден неповторлив јубилеј, а тоа е 1000 – годишнината од Охридската Архиепископија и 60 години од нејзиното возобновување. Со оглед на тоа што Македонија е лулката од каде што е тргнато христијанството да се шири низ Европа за што сведочи и Библијата, особено ми е драго што со моите гостинки денеска можеме да присуствуваме овде“, истакна Иванова.
Таа упати и повик до сите православни христијани – со посета на манастирите и црквите во текот на оваа година, да се вклучат во одбележувањето на овој голем јубилеј, затоа што е многу значаен за Македонската православна црква и за православната вера воопшто во Република Македонија.
Сопругата на рускиот амбасадор во Република Македонија, Лариса Шчербак на сите православни христијани им упати честитка со порака за мир и љубов.
„ Многу сум среќна што сум тука во овие свечени денови и би сакала да им посакам на сите православни во светот и на сите православни христијани во светот мир, пред се во светот, мир во нивните души. Љубов кон ближниот, љубов кон Христос. Христос воскресе!“, порача Шчербак.
Сопругата на шведскиот амбасадор, Билјана Стафансон истакна дека овој настан кој го организираше Маја Иванова веќе прераснал во традиција.
„Ова е веќе традиција што Маја Иванова организира еден ваков убав настан за нас. Пресреќни сме и уживаме во овој прекрасен настан! “, рече Стафансон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.
Македонија
Димитриевски на првиот работен ден во новиот мандат: Најавувам над 30 инфраструктурни проекти во наредниот период
														Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, на првиот работен ден од неговиот трет мандат изврши увид на повеќе теренски активности при што најави над 30 инфораструктурни проекти во периодот што следи.
„Почитувани сограѓани, прв работен ден по изборот, овде сме во населба Зелен рид, на улица Васко Карангелески. Улица којашто носи име на еден наш великан, вистински патриот. Сакам од овде да најавам дека во следниот период започнува реализација на повеќе од 30 инфраструктурни проекти во различни делови на градот, со акцент на централното градско подрачје, големите урбани населби и урбано-руралниот дел во градот.
Продолжуваме заедно, ви благодарам на довербата. Куманово заслужува континуитет, вчера тоа го доби, го потврди. А моја обврска е да продолжиме заедно да го градиме Куманово”, истакна Димитриевски .

