Спорт
Манчестер сити ќе добие забрана за трансфери
Пеп Гвардиола најави дека клубот ќе биде активен на трансфер пазарот, во летниот преоден рок, но Манчестер сити може да остане без планираните засилувања доколку Меѓународниот спортски суд (ЦАС) пресуди во корист на аргентинскиот фудбалски клуб Велез С…


Пеп Гвардиола најави дека клубот ќе биде активен на трансфер-пазарот во летниот преоден рок, но Манчестер сити може да остане без планираните засилувања доколку Меѓународниот спортски суд (ЦАС) пресуди во корист на аргентинскиот фудбалски клуб Велез Сарсфилд.
Велес се жалел кај ФИФА дека Манчестер сити незаконски контактирал малолетен фудбалер што бил дел од младинските категории на клубот. Сити најпрвин стапил во контакт со тогаш 15-годишниот Бенџамин Гаре, а кога фудбалерот наполнил 16 години, Манчестер сити потпишал договор со него.
Гаре сега е дел од тимот на Сити за играчи до 23 години, а на „Етихад“ пристигнал во јуни 2016 година.
И покрај тоа што Велез Сарсфилд поднесе жалба до ФИФА, од Светката фудбалска федерација го одобриле трансферот. Аргентинците сега одат чекор подалеку, го тужат Манчестер сити пред Меѓународниот спортски суд. Тие тврдат дека правилото на ФИФА дека играчите до 18-годишна возраст може да ги менуваат клубовите важи само за Европа, а не и за Јужна Америка.
Според правните експерти, Велез има големи шанси да го добие спорот, а ЦАС одлуката треба да ја донесе во наредните седум дена.
Доколку Велес Сарсфилд го добие случајот, тогаш Манчестер сити ќе биде казнет со забрана на трансфери во овој и веројатно во наредниот зимски преоден рок.
Сити не би бил првиот клуб што би добил ваква казна. Поради кршењето на ова правило, Барселона доби забрана за трансфери во два преодни рока во 2015 година и глоба од 330.000 евра. Две години подоцна забрана за трансфери во два преодни рока и глоба од 500.000 евра доби Атлетико Мадрид, а Реал во истиот период како и Атлетико беше казнет со глоба 250.000 евра и забрана за трансфери во зимскиот преоден рок во 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1.
Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.
Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.
Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.
Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута.
И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.
ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.
Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.